Connect with us

Домашни банки

УНИБанка прва македонска банка која воведе трговија со благородни метали – инвестициско злато

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје, на 22.12.2021 година, ја прошири својата понуда на услуги и производи и за прв пат на македонскиот пазар воведе нов продукт – Трговија со благородни метали и инвестициско злато.

УНИБанка АД Скопје е првата Банка во земјата која увезува и тргува со инвестицискo злато што вклучува златни плочки со чистота од  999.9/1000 (24 карати) и златни монети со чистота од  900/1000 (22 карати) и со поголема чистота, согласно стандардот “London Good Delivery” и се тргуваат на „London Bullion Market Association” (LBMA). Банката набавува злато од странски водечки рафинерии за благородни метали од Швајцарија и Германија и реномирани светски познати дилери на злато.

УНИБанка АД Скопје им нуди на своите клиенти широк асортиман на златни производи по исклучително конкурентни цени, изработени со современи технологии и највисоки стандарди. Производите може да се погледнат во просториите на експозитурите Централа и Ист Гејт, како и на веб страната – www.unibank.mk.

Производите кои се нудат на продажба се со тежина изразена во грамови и тоа: 2; 5; 10; 20; 31,10 (1 трој унца); 50; 100 гр. и истите може да се купат во двете експозитури (Експозитура Централа и Експозитура Ист Гејт). Клиентите имаат можат да нарачаат  производи со поголема тежина, а истите Банката ги увезува за нивна сметка.

Домашни банки

НЛБ Банка воведува Зелени кредити за проекти кои штедат енергија и ја заштитуваат животната средина

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) воведува наменски кредити за енергетска ефикасност, односно Зелена кредитна линија составена од два продукта во вкупна вредност од два (2) милиони евра од Програмата за финансирање на зелена економија (GEFF), и тоа: Зелен потрошувачки кредит на износ до 25.000 евра и Зелен хипотекарен кредит на износ до 50.000 евра. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Брзо и сигурно плаќање со HalkPay, Вашиот мобилен паричник

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје со задоволство ги информира своите почитувани клиенти дека отсега HalkPay е достапен и со Visa картичките на Халкбанк. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје: Известување за неработен ден – 24.05.2022 (вторник)

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека по повод престојниот државен празник „Св. Кирил и Методиј“, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 24.05.2022 (вторник). (more…)

Продолжи со читање


Популарно