Connect with us

Електронско банкарство

УНИБанка повика да oстанете дома со пакет бесплатни дигитални услуги My UNIbank – UNIToken

Објавено

на

Со цел заштита на граѓаните и превенција од ширењето на корона вирусот, УНИБанка ги повикува своите клиенти да останат дома, овозможувајќи им во овој период да ги извршуваат сите банкарски трансакции од дома, директно преку мобилен телефон или компјутер, без провизија за електронски налог и без трошоци за месечен надомест за користење до 20-ти април 2020 година.

Во знак на солидарност и поддршка, овие бесплатни услови се однесуваат на севкупниот платен промет во земјата за физички лица, кои ги користат услугите на електорнските сервиси на УНИБанка АД Скопје :

  • Без надомест за отворање на трансакциска сметка и депозити online директно преку апликацијата
  • Едноставен пристап до податоците и проверка на состојбата и прометот на сите Ваши сметки, депозити,картички и кредити
  • Без надомест за плаќања со само еден клик: интерни трансакции, режиски трошоци и останати плаќања кон физички и правни лица
  • Без надомест за плаќање на сметки за режиски трошоци

„Во оваа тешка состојба за сите нас, тимот на Банката работи во исклучителна динамика и обем на работа, обезбедувајќи максимална грижа и превенција за вработените и нашите клиенти. Секојдневно разгледуваме и разговараме за нови предлози. Нашата крајна цел е да им дадеме поддршка на нашите клиенти преку тоа што ќе им обезбедиме финансиска удобност во овој тежок момент и оптимален спектар на услуги за дигитално банкарство“, речег-ѓа Милка Тодорова, Извршен директор на УНИБанка.

Бесплатниот пакет услуги во овој промотивен период е активиран за сите корисници и не се потребни дополнителни барања од страна на клиентите.

Електронско банкарство

Асоцијација за е-трговија: Секојдневно во земјава се отвораат по 2 нови онлајн продавници!

Објавено

на

Е-трговијата во земјава е во пораст, зголемување бележат реализираните онлајн нарачки и купувњаа во текот на првите шест месеци од годинава за 36 отсто во однос на тој период лани. Забележителен трицифрен пораст има и на трговијата кон домашните е – продавници. Според објавените податоци на Народната банка, во овој период реализирани се вкупно 4.300.584 онлајн трансакции во земјата и во странство, наспроти 3.161.899 онлајн трансакции во текот на првите шест месеци од 2019 година. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

Апликацијата мБанка на Комерцијална банка достапна на платформата Huawei AppGallery

Објавено

на

Апликацијата мБанка на Комерцијална банка АД Скопје стана достапна и за корисниците на новите модели мобилни телефони Huawei. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

НЛБ Банка воведува прв и единствен мобилен кредит – мКлик кредит

Објавено

на

НЛБ Банка, преку онлајн настан на социјалните мрежи, денеска промовираше воведување на нова функционалност преку НЛБ мКлик мобилното банкарство- мКлик кредит. Со ова за прв пат на македонскиот пазар, барањето и одобрувањето на кредит на клиентите им станува достапно директно преку мобилен телефон. (more…)

Продолжи со читање

Популарно