Домашни банки
УНИБанка планира издавање на нова емисија на перпетуална обврзница!?

УНИБанка заклучно со првото полугодие од 2022 година оствари позитивни финансиски резултати преку реализација на низа активности поврзани со зголемување и подобрување на понудата за клиентите со нови атрактивни продукти вклучително и продажба на инвестициско злато и продукти од областа на платните сервиси.
Во првите шест месеци од 2022 година, податоците за остварување на билансните цели на УНИБанка се реален одраз на последиците од енергетската криза и ескалацијата на руско-украинскиот конфликт кој предизвика силен раст и голема променливост на цените на примарните енергенси, што предизвика раст на цените на сите останати производи и услуги. Истите не беа земени во предвид во моментот на изготвувањето на бизнис планот на Банката за 2022 година.
И покрај тоа во првото полугодие од 2022 година, нето кредитното портфолио на Банката бележи раст од 4,5%, додека депозитното портфолио на правни лица раст од 3,4% во однос на Декември 2021 година.Воедно, и прибраните средства од финансискиот сектор бележат значително зголемување од 80.6% во однос на 31.12.2021 година што е согласно планираната стратегија на Банката за одржување на прифатливо ниво на ликвидност.
Во претстојниот период банката очекува да продолжи тенденцијата на зголемување на активата, континуиран раст и задржување на квалитетот на кредитното портфолио на банката, кој би бил подржан со зголемен раст на депозитната база преку имплементација на нови депозитни продукти, во насока на зголемување на учеството на нефинансиските извори на финансирање, со посебен акцент на зголемување на учеството на трансакциските сметки, оптимизирање на административните трошоци, зголемување на пазарното учество по различни сегменти во банкарскиот сектор во зависност од преземениот ризик, влијанието на адекватноста на капиталот и профитабилноста, подобрување на квалитетот на услугите, усовршување на дигиталните сервиси и канали за плаќање, развој на знаењето и вештините на човечките ресурси како главен столб на доброто работење и исполнување на зацртаните цели во Бизнис планот на Банката за 2022 година, а се со цел да излеземе во пресрет на различните потреби и интереси на клиентите.
УНИБанка планира и нова емисија на перпетуална обврзница слична на продуктот што го издададе во 2019 година.
Домашни банки
Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2023“ од магазинот The Banker

Комерцијална банка АД Скопје е прогласена за „Банка на годината во 2023 година во Република Северна Македонија“ од угледниот финансиски магазин The Banker. Оваа престижна награда и е доделена на Комерцијална банка по јубилеен 10-ти пат. (more…)
Домашни банки
Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)
Домашни банки
Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка АД – Скопје

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври. (more…)
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 2 months
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 1 month
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Шпаркасе Банка го активираше порталот за тестирање на платформата за отворено банкарство
- Домашни банкипред 2 months
Граѓанската обврзница може да се купи во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка