Connect with us

Домашни банки

УНИБанка отвори нова модерна експозитура во Ѓорче Петров

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје ги известува своите клиенти дека од 03.07.2023 г. експозитурата во населбата Ѓорче Петров е достапна на нова локација.

Експозитурата веќе се наоѓа на адреса Бул. Партизански одреди бр.165., и е отворена за работа со клиенти секој работен ден од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 часот.

УНИБанка продолжува да го опслужува сегментот население и правни лица, со модернизација на своите експозитури и тоа ја потврдува својата посветеност кон отворената комуникација и зголемената ефикасност во опслужување на клиентите, поголем број директни контакти и зголемена можност за користење повеќе атрактивни банкарски производи и услуги.

Покрај тоа, експозитурата е опремена и со современа 24-часовна самоуслужна CASH IN – АТМ каде клиентите самостојно ќе можат да извршуваат најразлични банкарски трансакции: исплата на готовина, депонирање дневен пазар на платежна сметка со бизнис дебитната картичка и депонирање готовина на платежна сметка со Visa или Mastercard дебитна картичка.

Домашни банки

Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2023“ од магазинот The Banker

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје е прогласена за „Банка на годината во 2023 година во Република Северна Македонија“ од угледниот финансиски магазин The Banker. Оваа престижна награда и е доделена на Комерцијална банка по јубилеен 10-ти пат. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Објавено

на

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври. (more…)

Продолжи со читање

Популарно