Connect with us

Домашни банки

УНИБанка оствари добивка од 48,8 милиони денари во првите три месеци од 2020 година

Објавено

на

УНИБанка во првиот квартал од 2020 година делуваше во согласност со приоритетните цели и задачи дефинирани во усвоениот бизнис план за 2020 година. Клучна цел беше остварување на профит и раст согласно бизнис целите преку оптимално ангажирање на изворите на средства во сигурни и профитабилни пласмани, во услови на стабилизирање на политичкиот амбиент и стабилизирање на очекувањата на економските субјекти.

Остварените вкупни приходи од работење во првиот квартал од 2020 година изнесуваат 399,4 милиони денари  и во однос на минатата година бележат пораст од 16,5%.

Најголем придонес во остварувањето на позитивен финансиски резултат во износ од 48,8 милиони денари имаат приходите од камати како најзначаен елемент на банкарските приходи.

Имено, во структурата на вкупните приходи (приходи од камати, приходи од провизии и надомести, нето-приходи/расходи од курсни разлики и останати приходи од дејноста), најголемо учество од 71.9% имаат приходи од камати, кои во споредба со првиот квартал од 2019 година се зголемени за 14.9%, како резултат на порастот на кредитното портфолио кое во однос на 31.12.2019 се зголеми за 2% и достигна ниво од 16,7 милијарди денари. Анализата на секторската структура на приходите од камати покажува поголема ориентација на банката кон кредитирање на секторот население и соодветно е остварен годишен пораст од 14,7 проценти на приходите од камати на население.

Порастот на кредитирањето, зголемениот обем на активности во доменот на платен промет и картично работење, придонесоа приходите од провизии на банката да се зголемат за 18,4% во однос на истиот период од минатата година.

Остварените расходи во првиот квартал од 2020 година изнесуваат 350,6 милиони денари и бележат пораст од 18,6% во однос на истиот период од 2019 година.

Значителен придонес во зголемувањето на расходите на банката имаат расходите од провизии како резултат на зголемениот обем на активности во секторот платен промет и картично работење.

Зголемените расходи на банката произлегуваат и од порастот на административните расходи предизвикани од исплата на награда на вработените и исплата на еднократна договорна испратнина, како и заради зголемување на износот на издвоени средства за зајакнување на резервациите по кредити.

Домашни банки

На Halk Velo Green од 233 учесници се собраа 184.500 денари наменети за пошумување

Објавено

на

На хронометар велосипедската трка Halk Velo Green што Халкбанк АД Скопје ја организираше на 8 Септември, во Маврово, учествуваа 233 велосипедисти кои преку плаќање на котизација дадоа свој придонес за собирање на 184.500 мкд кои се наменети за пошумување на локација каде што има потреба од истото.  (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Огромно срце за сите на точак – нов #ВозиПравоВозиЗдраво предизвик за #НеделаНаМобилност

Објавено

на

Овие денови пред 6 години Стопанска банка АД – Скопје го организираше првото издание на „Вози право, вози здраво“ и почна да ја „вози“ заедно со своите поддржувачи оваа приказна за грижа за нашата животна средина и за развој на вело културата! (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Експозитурата на УНИБанка во Охрид отсега на нова локација со нов и модерен изглед

Објавено

на

УНИБанка ги известува своите клиенти дека експозитура Охрид е преселена на нова локација во помодерни простории со цел подобрување на корисничкото искуство.  (more…)

Продолжи со читање



Популарно