Connect with us

Домашни банки

УНИБанка оствари добивка од 3,9 милиони евра заклучно со третиот квартал од 2020 година

Објавено

на

УНИБанка заклучно со третиот квартал од 2020 година делуваше во согласност со приоритетните цели и задачи дефинирани во усвоениот ревидиран бизнис план за 2020 година. Клучна цел беше остварување на профит и раст согласно бизнис целите преку оптимално ангажирање на изворите на средства во сигурни и профитабилни пласмани, во услови на стабилизирање на политичкиот амбиент и стабилизирање на очекувањата на економските субјекти.

Остварените вкупни приходи од работење заклучно со третиот квартал од 2020 година изнесуваат 1.166,2 милиони денари и во однос на минатата година бележат пораст од 3,4%.

Најголем придонес во остварувањето на позитивен финансиски резултат во износ од 238 милиони денари имаат приходите од камати како најзначаен елемент на банкарските приходи.

Имено, во структурата на вкупните приходи (приходи од камати, приходи од провизии и надомести, нето-приходи/расходи од курсни разлики и останати приходи од дејноста), најголемо учество од 72.2% имаат приходи од камати, кои во споредба со истиот период  од 2019 година се зголемени за 6.9%, како резултат на порастот на кредитното портфолио кое во однос на 31.12.2019 се зголеми за 3.3% и достигна ниво од 16,9 милијарди денари. Анализата на секторската структура на приходите од камати покажува поголема ориентација на банката кон кредитирање на секторот население  и соодветно е остварен годишен пораст од 6,9 проценти на приходите од камати на население.

Остварените расходи заклучно со третиот квартал од 2020 година изнесуваат 928,1 милиони денари и бележат намалување од 3.9% во однос на истиот период од 2019 година. Придонес во намалувањето на расходите на банката имаат расходите од камати, административните расходи како и помалиот износ на издвоени средства за зајакнување на резервациите по кредити.

Домашни банки

Халкбанк со поддршка од матичната банка од Турција го зголеми капиталот за нови 30 милиони евра

Објавено

на

Халкбанк официјално изврши зголемување на капиталот за нови 30 милиони евра, што претставува поддршка од главниот акционер на банката – Халкбанк АШ Турција за зајакнување на банкарскиот капитал во земјата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Развојна банка со нето-профит од 45 милиони денари во првото полугодие на 2022 година

Објавено

на

Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје (РБСМ) соопшти дека и во првата половина од 2022 година оствари позитивни резултати, ставајќи го целиот свој финансиски и оперативен капацитет во функција на остварување на основната цел за која е формирана – поддршка на развојот на македонското стопанство во согласност со стратешките политики, цели и приоритети на државата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Шпаркасе Банка со нова експозитура во Маџари!

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека на 08.08.2022 година ќе започне со работа новата експозитура во населба Маџари. (more…)

Продолжи со читање


Популарно