Домашни банки
УНИБанка оствари добивка од 3,1 милиони евра заклучно со третиот квартал од 2021 година

УНИБанка заклучно со третиот квартал успеа да оствари позитивни финансиски резултати преку реализација на низа активности поврзани со зголемување и подобрување на понудата за клиентите со нови атрактивни продукти вклучително и од областа на платните сервиси. И во овој период Банката продолжи со имплементација на нови технологии со цел пренасочување на клиентите кон дигиталните канали како побезбедни, поевтини и поедноставни начини на извршување на банкарските трансакции.
Повеќе од една година Банката се справува со предизвиците наметнати од здравствено економската криза предизвикана од пандемијата COVID-19 која донесе бројни ограничувања во домашната и меѓународната економија. Во такви услови основна цел на Банката беше да ја зачува високата ликвидност и солвентност, да го задржи континуитетот и квалитетот на услугите кои ги нуди како и да обезбеди финансиска подршка на клиентите, притоа залагајќи се максимално за безбедноста на клиентите при користењето на услугите на Банката, како и за безбедноста на вработените.
Остварените вкупни приходи од работење заклучно со третиот кварталод 2021 година изнесуваат 1.260,8 милиони денари и во односнаминатата година бележат зголемување од 8.11%.
Најголем придонес во остварувањето на позитивен финансиски резултат во износ од 192,8 милиони денари имаат приходите од камати како најзначаен елемент на банкарските приходи.
Имено, во структурата на вкупните приходи (приходи од камати, приходи од провизии и надомести, нето-приходи/расходи од курсни разлики и останати приходи од дејноста), најголемо учество од 63% имаат приходи од камати, кои во споредба со 2020 година се намалени за 5,8%, а анализата на секторската структура на приходите од камати покажува поголема ориентација на банката кон кредитирање на секторот население. Во вкупните приходи од дејноста на банката, особено треба да се истакне значајниот пораст на приходите од провизии од 31%, како резултат на растечкиот тренд на дигитализација во користењето на банкарските услуги и продуктии привлекувањето на нови клиенти корисници на наведените услуги.
Остварените расходи заклучно со третиот квартал од 2021 година изнесуваат 1.068 милиони денари и бележат зголемувањеод 15% во однос на истиот период од 2020 година. Зголемувањето на расходите се должи пред се на зголемување на износот на издвоени средства за зајакнување на резервациите по кредити.
Заклучно со третиот квартал од 2021 година, податоците за остварување на билансните цели на банката се реален одраз на последиците од здравствено економската криза предизвикана од COVID 19,ч иј импакт продолжи да се чувствува подолго од очекуваното во моментот на изготвувањето на бизнис планот на Банката за 2021 година.
Анализата на структурата на пасиватана билансот на состојба на 30.09.2021 година и нејзината споредба со планираната укажуваат на минимално надминување на таргетираните извори на финансирање од секторот население, кои се зголемени за 2.8% во однос на 31.12.2020година. Од друга страна прибраните средства од финансискиот сектор бележат значително намалување во однос на 31.12.2020 година што е согласно стратегијата на Банката за намалување на расходите за камати.
Светската пандемија предизвикана од COVID 19 продолжува да има силни економски последици врз глобалната економија, а следствено на тоа и врз македонската економија.
Банката ги следи економските трендови во националната, регионалната и глобалната економија со цел да се здобие со корисни информации во процесот на донесување на соодветни деловни одлуки.
Неизвесноста за времетраење на пандемијата и покрај отпочнатиот процес на вакцинација продолжува и во второто полугодие на2021 година, во кое се очекува да се чувствуваат продолжените ефекти кои и понатаму претставуваат голем ризик за опоравување на светската, а аналогно на тоа и на македонската економија, бидејќи долгорочната примена на мерките за социјално дистанцирање ќе влијаат на приходите и потрошувачката на домаќинствата.
Во фокусот на Банката и во 2021 година ќе биде одржувањето и зголемување на пазарниот удел по различни сегменти во банкарскиот сектор на Република Северна Македонија во зависност од преземениот ризик, влијанието на адекватноста на капиталот и профитабилноста. Како и досега, Банката интензивно ќе работи на развој на знаењето и вештините на човечките ресурси како главен столб на доброто работење, како и на дигитализацијата и постојаниот технолошки развој кој особено дојде до израз во периодот на здравствено економската криза предизвикана од COVID 19, а се со цел да излеземе во пресрет на различните потреби и интереси на клиентите.
Домашни банки
Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 2 јуни 2023 година

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 2 јуни (петок) 2023 година заради празнување на Духовден. (more…)
Домашни банки
Финансиска поддршка од Комерцијална банка за ново издание на турнирот во мал фудбал „Тоше Проески“

Меѓународниот турнир во мал фудбал „Тоше Проески“ во Крушево и годинава, со финансиска поддршка од Комерцијална банка, собра на едно место спортски екипи од повеќе држави во чест и спомен на музичката легенда. (more…)
Домашни банки
Комерцијална банка ја врачи престижната награда „Роман на годината“ на академик Влада Урошевиќ

Сo сечено врачување на наградата „Славко Јаневски“ на академик Влада Урошевиќ, Комерцијална банка како Генерален покровител одбележа уште едно престижно издание на „Роман на годината“.
Наградата под покровителство на Комерцијална банка се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150 илјади денари, а годинава ја доби романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од академик Влада Урошевиќ, во издание на „Арс Либрис“. Традиционално наградата ја доделува Фондацијата за промоција и унапредување на културата „Славко Јаневски“.
Академик Урошевиќ е особено горд на наградата и на своето дело, кое докажува дека „македонскиот јазик може да се справи со најтешките задачи што книжевното творештво ги поставува пред него и дека на планот на книжевните идеи имаме што да му покажеме на светот“.
Банката обезбедува и 183.000 денари за паричен надоместок на членовите на жири-комисијата, кои годинава одлучуваа за победникот во конкуренција на 35 романи.
„Комерцијална банка е горда што е поддржувач на оваа значајна манифестација, во која препознава искрена желба и длабока волја за негување на македонскиот пишан збор и за создавање богато наследство за идните генерации. Секогаш е полесно заедно да успееме во оваа благородна цел“, порача Андреј Јовковски, директор на Самостојната дирекција за маркетинг во Комерцијална банка, при врачувањето на наградата.
Со поддршката на „Роман на годината“, како и со целокупната своја поддршка на домашната литература, Комерцијална банка дава долгорочен и исклучително значаен придонес за унапредување на литературното творештво во земјава.
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Странски банкипред 1 month
НЛБ ќе исплати дивиденда од 5,5 евра!