Connect with us

Домашни банки

УНИБанка оствари добивка од 1,75 милиони евра за првите шест месеци од 2021 година

Објавено

на

Во првото полугодие од 2021 година, Банката успеа да оствари позитивни финансиски резултати преку реализација на низа активности поврзани со зголемување и подобрување на понудата за клиентите со нови атрактивни продукти вклучително и од областа на платните сервиси. И во овој период Банката продолжи со имплементација на нови технологии со цел пренасочување на клиентите кон дигиталните канали како побезбедни, поевтини и поедноставни начини на извршување на банкарските трансакции.

Повеќе од една година Банката се справува со предизвиците наметнати од здравствено економската криза предизвикана од пандемијата COVID-19 која донесе бројни ограничувања во домашната и меѓународната економија. Во такви услови основна цел на Банката беше да ја зачува високата ликвидност и солвентност, да го задржи континуитетот и квалитетот на услугите кои ги нуди како и да обезбеди финансиска подршка на клиентите, притоа залагајќи се максимално за безбедноста на клиентите при користењето на услугите на Банката, како и за безбедноста на вработените.

Остварените вкупни приходи од работење во првото полугодие од  2021 година изнесуваат 826,6 милиони денари  и во однос на минатата година бележат зголемување од 7.15%.

Најголем придонес во остварувањето на  позитивен финансиски резултат во износ од 107,7 милиони денари имаат приходите од камати како најзначаен елемент на банкарските приходи.

Имено, во структурата на вкупните приходи (приходи од камати, приходи од провизии и надомести, нето-приходи/расходи од курсни разлики и останати приходи од дејноста), најголемо учество од 63% имаат приходи од камати, кои во споредба со 2020 година се намалени за 7,23%, а анализата на секторската структура на приходите од камати покажува поголема ориентација на банката кон кредитирање на секторот население. Во вкупните приходи од дејноста на банката, особено треба да се истакне значајниот пораст на приходите од провизии од 31%, како резултат на растечкиот тренд на дигитализација во користењето на банкарските услуги и продукти.

Остварените расходи во првото полугодие од 2021 година изнесуваат 719 милиони денари и бележат зголемување од 12,4% во однос на истиот период од  2020 година. Зголемувањето на расходите се должи пред се на зголемување на износот на издвоени средства за зајакнување на резервациите по кредити.

Во првите шест месеци од 2021 година, податоците за остварување на билансните цели на банката се реален одраз на последиците од здравствено економската криза предизвикана од COVID 19, чиј импакт продолжи да се чувствува подолго од очекуваното во моментот на изготвувањето на бизнис планот на Банката за 2021 година.

Анализата на структурата на пасивата на билансот на состојба на 30.06.2021 година и нејзината споредба со планираната укажуваат на минимално надминување на таргетираните извори на финансирање од секторот население, кои се  зголемени за 2.1% во однос на 31.12.2020 година. Од друга страна прибраните средства од финансискиот сектор бележат значително намалување во однос на 31.12.2020 година што е согласно стратегијата на Банката за намалување на расходите за камати.

Светската пандемија предизвикана од COVID 19 продолжува да има силни економски последици врз глобалната економија, а следствено на тоа и врз македонската економија.

Банката ги следи економските трендови во националната, регионалната и глобалната економија со цел да се здобие со корисни информации во процесот на донесување на соодветни деловни одлуки.

Неизвесноста за времетраење на пандемијата и покрај отпочнатиот процес на вакцинација продолжува и во првото полугодие на 2021 година, во која се очекува да се чувствуваат продолжените ефекти кои и понатаму претставуваат голем ризик за опоравување на светската, а аналогно на тоа и на македонската економија, бидејќи долгорочната примена на мерките за социјално дистанцирање ќе влијаат на приходите и потрошувачката на домаќинствата.

Во фокусот на Банката и во 2021 година ќе биде одржувањето и зголемување на пазарниот удел по различни сегменти во банкарскиот сектор на Република Северна Македонија во зависност од преземениот ризик, влијанието на адекватноста на капиталот и профитабилноста. Како и досега, Банката интензивно ќе работи на развој на знаењето и вештините на човечките ресурси како главен столб на доброто работење, како и на дигитализацијата и постојаниот технолошки развој кој особено дојде до израз во периодот на здравствено економската криза предизвикана од COVID 19, а се со цел да излеземе во пресрет на различните потреби и интереси на клиентите.

Домашни банки

Дали сте размислувале колку пари и време ви заштедуваат дигиталните финансиски услуги?

Објавено

на

Сите сме сведоци на ултра брза дигитална трансформација. Замислете си само колку пати дневно извршувате дигитални трансакции? Сигурно никогаш не сте размислувале колку пари и време ви заштедува плаќањето преку интернет или мобилен телефон. Во маркети плаќате со картичка за неколку секунди и не чекате кусур. Не губите време ниту кога ви треба готовина, затоа што имате банкомат на секој чекор. Не трошите еден вработен за уплата на дневен промет секој ден затоа што и за тоа имате банкомат… (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка изврши дополнување и ажурирање на Општите услови за користење на трансакциска сметка

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје ги информира своите почитувани клиенти дека изврши дополнување и ажурирање на Општите услови за користење на трансакциска сметка со 18.10.2021 година.

(more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка со фантастична вест за акционерите – ќе ја подели и заостанатата дивиденда!?

Објавено

на

Изминатата пандемиска 2020 година, НЛБ Банка ги следеше инструкциите на Народната банка којашто советуваше банките да не исплаќаат дивиденда, па така Банката се воздржа и на своите акционери не им ја исплати заслужената награда. (more…)

Продолжи со читање



Популарно