Connect with us

Домашни банки

УНИБанка оствари добивка од 1,7 милиони евра за првото полугодие од 2022 година

Објавено

на

УНИБанка заклучно со првото полугодие од 2022 година оствари позитивни финансиски резултати преку реализација на низа активности поврзани со зголемување и подобрување на понудата за клиентите со нови атрактивни продукти вклучително и продажба на инвестициско злато и продукти од областа на платните сервиси. И во овој период Банката продолжи со имплементација на нови технологии со цел пренасочување на клиентите кон дигиталните канали како побезбедни, поевтини и поедноставни начини на извршување на банкарските трансакции.

Цели две години УНИБанка се справува со предизвиците наметнати од здравствено економската криза предизвикана од пандемијата COVID-19 која донесе бројни ограничувања во домашната и меѓународната економија. Во вакви услови основна цел на Банката е да се одржи и зачува ликвидната и солвентната позиција, да се задржи континуитетот и квалитетот на услугите кои ги нуди како и да се обезбеди финансиска подршка на клиентите, притоа залагајќи се максимално за безбедноста на клиентите при користењето на услугите на Банката, како и за безбедноста на вработените.

Остварени приходи

Остварените вкупни приходи од работење во првото полугодие од 2022 година изнесуваат 894,4 милиони денари  и во однос на истиот период одминатата година бележат зголемување од  8.2%.

Најголем придонес во остварувањето на  позитивен финансиски резултат во износ од 104,8 милиони денари имаат приходите од камати како најзначаен елемент на банкарските приходи.

Имено, во структурата на вкупните приходи (приходи од камати, приходи од провизии и надомести, нето-приходи/расходи од курсни разлики и останати приходи од дејноста), најголемо учество од 60.5% имаат приходи од камати, кои во споредба со истиот период  од 2021 година се зголемени за 3.4%, а анализата на секторската структура на приходите од камати покажува поголема ориентација на банката кон кредитирање на секторот население. Во вкупните приходи од дејноста на банката, особено треба да се истакне значајниот пораст на приходите од провизии од 22.5%, како резултат на дополнителната услуга посредување во осигурување и растечкиот тренд на дигитализација во користењето на банкарските услуги и продукти и привлекувањето на нови клиенти корисници на наведените услуги.

Остварени расходи

Остварените расходи заклучно со вториот квартал од 2022годинаизнесуваат 789,7милиони денари и бележат зголемувањеод 9.8% во однос на истиот период од  2021 година. Зголемувањето на расходите се должи, пред се на зголемување на административните расходи како резултат на енергетската криза и ескалацијата на руско-украинскиот конфликт кој предизвика силен раст и голема променливост на цените на примарните енергенси, што предизвика раст на цените на сите останати производи и услуги, како и на износот на издвоени средства за зајакнување на резервациите по кредити.

Исполнување на планот и очекувања за претстојниот период

Во првите шест месеци од 2022 година, податоците за остварување на билансните цели на банката се реален одраз на последиците од енергетската криза и ескалацијата на руско-украинскиот конфликт кој предизвика силен раст и голема променливост на цените на примарните енергенси, што предизвика раст на цените на сите останати производи и услуги. Истите не беа земени во предвид во моментот на изготвувањето на бизнис планот на Банката за 2022 година.

И покрај тоа во првото полугодие од 2022 година, нето кредитното портфолио на УНИБанка бележи раст од 4,5%, додека депозитното портфолио на правни лица раст од 3,4% во однос на Декември 2021 година. Воедно, и прибраните средства од финансискиот сектор бележат значително зголемување од 80,6% во однос на 31.12.2021 година што е согласно планираната стратегија на Банката за одржување на прифатливо ниво на ликвидност.

Во претстојниот период банката очекува да продолжи тенденцијата на зголемување на активата, континуиран раст и задржување на квалитетот на кредитното портфолио на банката, кој би бил подржан со зголемен раст на депозитната база преку имплементација на нови депозитни продукти, во насока на зголемување на учеството на нефинансиските извори на финансирање, со посебен акцент на зголемување на учеството на трансакциските сметки,  оптимизирање на административните трошоци, зголемување на пазарното учество по различни сегменти во банкарскиот сектор во зависност од преземениот ризик, влијанието на адекватноста на капиталот и профитабилноста, подобрување на квалитетот на услугите, усовршување на дигиталните сервиси и канали за плаќање, развој на знаењето и вештините на човечките ресурси како главен столб на доброто работење и исполнување на зацртаните цели во Бизнис планот на Банката за 2022 година, а се со цел да излеземе во пресрет на различните потреби и интереси на клиентите.

Исто така, УНИБанка планира и нова емисија на перпетуална обврзница слична на продуктот што го издадовме во 2019 година.

Домашни банки

Шпаркасе Банка со нов дизајн и функционалности на S-банка мобилната апликација

Објавено

на

Новата верзија на S-банка со нов, модерен и интуитивен дизајн е веќе достапна за сите корисници на мобилно банкарство на Шпаркасе Банка. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка горда на резултатите на својот КБ тим на Скопскиот маратон

Објавено

на

Неуморноста и посветеноста дефинитивно се одлика на тимот на Комерцијална банка. Затоа и не изостанаа добрите резултати на маратонците од Банката на годинашниот Скопски маратон. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Шпаркасе Банка се стекна со сертификат „Фер финансиски услуги за потрошувачите“

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје се стекна со сертификат за „Фер финансиски услуги за потрошувачите“, кој го доделува Организација на потрошувачи на Македонија (ОПМ). Овој сертификат претставува потврда за мисијата на Шпаркасе Банка, која во својот работен фокус ги има своите клиенти и нивното задоволство во сите области на делување. (more…)

Продолжи со читање

Популарно