Connect with us

Домашни банки

УНИБанка од 26-ти започнува со предвремена исплата на јунските пензии

Објавено

на

Со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти – пензионери, УНИБанка известува дека овозможи исплатата на пензијата за јуни на трансакциска сметка да биде на 26-ти јуни (петок) 2020 година.

Во услови на засилени мерки за заштита на здравјето, пензионерите својата пензија ќе може да ја подигнат од банкомат започнувајќи од 26-ти јуни (петок), додека подигнувањето на пензијата преку шалтер ќе може да се реализира започнувајќи од 26 ти јуни (петок), секој работен ден во експозитурите на Банката.

Исплатите преку шалтер ќе се вршат по следните критериуми:

  • Во петок, на 26.06.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;
  • Во понеделник, на 29.06.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
  • Во вторник, на 30.06.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
  • Во среда, на 01.07.2020 година исплата на пензии во висина над 18.001 денари.

Во случај на неопходна посета на експозитура, од Банката замолуваат да се почитуваат правилата за влез во согласност со препораките на Владата, според кои влезот ќе биде ограничен и дозволен за број на лица соодветен на бројот на благајните во експозитурата, применувајќи го истовремено правилото за меѓусебно растојание од најмалку 2 метри во експозитурата, како и пред влезот.

За да се избегнат блиски контакти, УНИБанка ги повикува пензионерите кои имаат дебитна картичка или користат електронско/мобилно банкарство своите финансиски потреби да ги вршат преку плаќање со картичка, преку банкоматите и електронските канали на Банката, односно максимално да избегнуваат посета на шалтерите.

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје ќе изврши промена на провизиите за платен промет со странство

Објавено

на

Почнувајќи од 01.10.2020 година, Стопанска банка АД – Скопје ќе изврши промена на начинот на пресметка и наплата на трошоците за платен промет со странство во следните сегменти: (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

За НЛБ Банка клиентите се секогаш на прво место и се главен двигател на активностите на банката

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје уште еднаш докажува дека за неа се најважни клиентите и дека секогаш ги следи и исполнува нивните барања! (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Генералниот директор на Стопанска банка а.д. Битола, Владимир Евтимоски го зголеми својот удел во банката

Објавено

на

Преку соопштение објавено на Македонска берза, Стопанска банка а.д. Битола ја известува јавноста дека претседателот на Управниот одбор на банката, г-дин Владимир Ефтимоски се стекна со 77 обични акции издадени од Стопанска банка а.д. Битола. (more…)

Продолжи со читање

Популарно