Connect with us

Домашни банки

УНИБанка од утре 24-ти започнува со предвремена исплата на априлските пензии

Објавено

на

Со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти – пензионери, УНИБанка известува дека овозможи исплата на пензијата за месец април на трансакциска сметка да биде на 24 ти април (петок) 2020 година.

Во услови на засилени мерки за заштита на здравјето, на 24 ти  април (петок), доколку пензионерите сакаат да ја подигнат својата пензија во готово ќе можат да ја подигнат само на банкомат, додека подигнувањето на пензијата преку шалтер ќе може да го реализирате од 27 ти април (понеделник) секој работен ден од 08.00 -12.00 часот во експозитурите на Банката и во овој термин приоритет ќе биде исплатата на пензиите.

Исплатите ќе се вршат по следните критериуми

  • Во понеделник, на 27.04.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;
  • Во вторник, на 28.04.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
  • Во среда, на 29.04.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
  • Во четврток, на 30.04.2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.

Во случај на неопходна посета на експозитура, од УНИБанка замолуваат да се почитуваат правилата за влез во согласност со препораките на Владата, според кои влезот ќе биде ограничен и дозволен за број на лица соодветен на бројот на благајните во експозитурата, применувајќи го истовремено правилото за меѓусебно растојание од најмалку 2 метри во  експозитурата, како и пред влезот.

За да се избегнат блиски контакти, Банката ги повикува пензионерите кои имаат дебитна картичка или користат електронско/мобилно банкарство своите финансиски потреби да ги вршат преку плаќање со картичка, преку банкоматите и електронските канали на УНИБанка, односно максимално да избегнуваат посета на шалтерите.

Домашни банки

Признание од „Global Finance“ за Комерцијална банка за извонредно кризно лидерство

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје се стекна со признание за Distinguished Crisis Leadership in 2020 (Истакнато кризно лидерство во 2020 година) од страна на угледниот магазин „Global Finance“. Признанието е резултат на максималните напори што ги вложи Банката во услови на пандемија за да ги задоволи потребите и да им помогне на своите клиенти, да ги заштити своите вработени и да обезбеди поддршка на општеството. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ТТК Банка АД Скопје со нова експозитура во Скопје, Дебар Маало

Објавено

на

На 28 октомври 2020 година ТТК Банка АД Скопје свечено ја отвори новата експозитура во Дебар Маало во Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

МБА: Македонскиот банкарски систем е стабилен и укинувањето на дозволата на една мала банка не ја доведува во прашање стабилноста на системот

Објавено

на

Македонската банкарска асоцијација следејќи ги најновите настани и дискусии во јавноста одржа состанок на кој се дискутираше за здравоста на банкарскиот систем и улогата на Народната банка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно