Connect with us

Домашни банки

УНИБанка од денес започнува со предвремена исплата на мартовските пензии

Објавено

на

Согласно случувањата со пандемијата на Корона вирусот, а со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти – пензионери, УНИБанка АД Скопје овозможи исплата на пензијата за месец март на трансакциска сметка да биде на 25 – ти март (среда) 2020 година.

Во услови на засилени мерки за борба за заштита на здравјето, на 25-ти март (денес) доколку пензионерите сакаат да ја подигнат својата пензија во готово ќе можат да ја подигнат само на банкомат, додека подигнувањето на пензијата преку шалтер пензионерите ќе може да го реализираат од 26-ти март (четврток) секој работен ден од 08.00- 10.00 часот во експозитурите на Банкатаи во овој термин приоритет ќе биде исплатата на пензиите.

Во случај на неопходна посета на експозитура, Банката Ве замолува да ги почитувате правилата за влез во согласност со препораките на Владата, според кои влезот ќе биде ограничен и дозволен за број на лица соодветен на бројот на благајните во експозитурата, применувајќи го истовремено правилото за меѓусебно растојание од најмалку два метри со другите присутни лица во експозитурата, како и пред влезот.

За да се избегнат блиски контакти, УНИБанка ги повикува пензионерите кои имаат дебитна картичка или користат електронско/мобилно банкарство, своите финансиски потреби да ги вршат преку плаќање со картичка, преку банкоматите и електронските канали на Банката, односно максимално да избегнуваат посета на шалтерите.

Домашни банки

Силк Роуд Банка го промени работното време на експозитурата во Куманово

Објавено

на

Силк Роуд Банка АД Скопје ги известува сите клиенти на банката физички и правни лица од Куманово дека поради новонастанатата ситуација во Куманово и одлуката на Владата за забрана на движењето на населението (полициски час), почнувајќи од 06.04.2020 година (понеделник), експозитурата ќе работи со скратено работно време и тоа од 08:30 до 14:00 часот. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка го промени работното време на експозитурите

Објавено

на

Во согласност со моменталната ситуација на ширење на Корона вирусот, а со цел заштита на клиентите и вработените, НЛБ Банка изврши промена на работното време на своите експозитури почнувајќи од понеделник 06.04.2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Известување од ТТК Банка за промена на договорните услови за кредитните производи на правни лица

Објавено

на

Врз основа на Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик на НБРСМ („Службен весник на Република Северна Македонија бр.76/20 од 24.3.2020 година) и Уредбата со законска сила за начинот на промената на договорните услови на кредитните изложености кај банките и штедилниците (Службен весник на Република Северна Македонија бр.80 од 27.3.2020 година), а со цел ублажување на последиците од пандемијата на COVID-19, ТТК Банка АД Скопје на ден 3.4.2020 година објави: (more…)

Продолжи со читање

Популарно