Connect with us

Домашни банки

УНИБанка од денес започнува со предвремена исплата на февруарските пензии

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти – пензионери, известува дека овозможи исплатата на пензијата за месец февруари на трансакциска сметка да биде денес, на (25-ти февруари 2021 година).

Во услови на засилени мерки за заштита на здравјето,  пензионерите својата пензија ќе може да ја подигнат од банкомат започнувајќи од  25-ти февруари (четврток), додека подигнувањето на пензијата преку шалтер ќе може да се реализира започнувајќи од 25- ти февруари (четврток), секој работен ден во експозитурите на Банката.

Исплатите преку шалтер ќе се вршат по следните критериуми:

  • Во четврток, на 25.02.2021 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;
  • Во петок, на 26.02.2021 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
  • Во понеделник, на 01.03.2021 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
  • Во вторник, на 02.03.2021 година исплата на пензии во висина над 18.001 денари.

Во случај на неопходна посета на експозитура, од банката замолуваат да се почитуваат правилата за влез во согласност со препораките на Владата, според кои влезот ќе биде ограничен и дозволен за број на лица соодветен на бројот на благајните во експозитурата, применувајќи го истовремено правилото за меѓусебно растојание од најмалку 2 метри во  експозитурата, како и пред влезот.

За да се избегнат блиски контакти, од УНИБанка ги повикуваат пензионерите кои имаат дебитна картичка или користат електронско/мобилно банкарство своите финансиски потреби да ги вршат преку плаќање со картичка, преку банкоматите и електронските канали на УНИБанка, односно максимално да избегнуваат посетите на шалтерите.

Домашни банки

На Halk Velo Green од 233 учесници се собраа 184.500 денари наменети за пошумување

Објавено

на

На хронометар велосипедската трка Halk Velo Green што Халкбанк АД Скопје ја организираше на 8 Септември, во Маврово, учествуваа 233 велосипедисти кои преку плаќање на котизација дадоа свој придонес за собирање на 184.500 мкд кои се наменети за пошумување на локација каде што има потреба од истото.  (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Огромно срце за сите на точак – нов #ВозиПравоВозиЗдраво предизвик за #НеделаНаМобилност

Објавено

на

Овие денови пред 6 години Стопанска банка АД – Скопје го организираше првото издание на „Вози право, вози здраво“ и почна да ја „вози“ заедно со своите поддржувачи оваа приказна за грижа за нашата животна средина и за развој на вело културата! (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Експозитурата на УНИБанка во Охрид отсега на нова локација со нов и модерен изглед

Објавено

на

УНИБанка ги известува своите клиенти дека експозитура Охрид е преселена на нова локација во помодерни простории со цел подобрување на корисничкото искуство.  (more…)

Продолжи со читање



Популарно