Домашни банки
УНИБанка од денес започнува со предвремена исплата на јануарските пензии


УНИБанка АД Скопје со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти – пензионери, известува дека овозможи исплатата на пензијата за месец јануари на трансакциска сметка да биде денес, на (26-ти јануари 2021 година).
Во услови на засилени мерки за заштита на здравјето, пензионерите својата пензија ќе може да ја подигнат од банкомат започнувајќи од 26-ти јануари (вторник), додека подигнувањето на пензијата преку шалтер ќе може да се реализира започнувајќи од 26-ти јануари (вторник), секој работен ден во експозитурите на Банката.
Исплатите преку шалтер ќе се вршат по следните критериуми:
- Во вторник, на 26.01.2021 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;
- Во среда, на 27.01.2021 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
- Во четврток, на 28.01.2021 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
- Во петок, на 29.01.2021 година исплата на пензии во висина над 18.001 денари.
Во случај на неопходна посета на експозитура, од банката замолуваат да се почитуваат правилата за влез во согласност со препораките на Владата, според кои влезот ќе биде ограничен и дозволен за број на лица соодветен на бројот на благајните во експозитурата, применувајќи го истовремено правилото за меѓусебно растојание од најмалку 2 метри во експозитурата, како и пред влезот.
За да се избегнат блиски контакти, од УНИБанка ги повикуваат пензионерите кои имаат дебитна картичка или користат електронско/мобилно банкарство своите финансиски потреби да ги вршат преку плаќање со картичка, преку банкоматите и електронските канали на УНИБанка, односно максимално да избегнуваат посета на шалтерите.
Домашни банки
Какви се очекувањата на Охридска банка за спојувањето со Шпаркасе Банка Македонија и влијанието на Ковид пандемијата во 2021 година


Во ноември 2019 година успешно беше завршен процесот на превземање на Охридска банка, со што Банката стана дел од реномираната Штајермеркише Банк и Шпаркасен, АД Грац, Аустрија и пошироко Ерсте групација. (more…)
Домашни банки
Колку се платени членовите на Надзорниот одбор на Комерцијална банка?


Комерцијална банка АД Скопје најави дека Годишното собрание на банката, ќе се одржи на 29.03.2021 година (понеделник), со почеток во 12:00 часот.
Домашни банки
Коронавирусот ја “стопи” добивката на Охридска банка АД Скопје


Билансот на состојба на Охридска банка АД Скопје на крајот од 2020 година изнесува 45.302 милиони денари и споредено со крајот на 2019 година, е на повисоко ниво за 2.968 милиони денари или за 7,0% со остварување на планот од 108%, со најголем придонес
од порастот на депозитите и повлечени средства по основ кредитни линии од финансиски институции. (more…)
- Домашни банкипред 2 months
ГО “БУТНАА” ИНТЕРНЕТОТ: Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“ пред експозитура Плоштад
- Анализипред 1 month
Запознајте ја банкарската фела во Македонија (прв дел)
- Анализипред 4 weeks
Запознајте ја банкарската фела во Македонија (втор дел)
- Анализипред 1 month
Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Охридска банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје