Connect with us

Домашни банки

УНИБанка од денес започна со предвремена исплата на августовските пензии

Објавено

на

Со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти – пензионери, УНИБанка известува дека овозможи исплатата на пензијата за август на трансакциска сметка да биде на 26-ти август (среда) 2020 година.

Во услови на засилени мерки за заштита на здравјето, пензионерите својата пензија ќе може да ја подигнат од банкомат започнувајќи од 26-ти август (денес), додека подигнувањето на пензијата преку шалтер ќе може да се реализира започнувајќи од 26-ти август (среда),  секој работен ден во експозитурите на Банката.

Исплатите преку шалтер ќе се вршат по следните критериуми:

  • Во среда, на 26.08.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;
  • Во четврток, на 27.08.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
  • Во понеделник, на 31.08.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
  • Во вторник, на 01.09.2020 година исплата на пензии во висина над 18.001 денари.

Во случај на неопходна посета на експозитура, од УНИБанка замолуваат да се почитуваат правилата за влез во согласност со препораките на Владата, според кои влезот ќе биде ограничен и дозволен за број на лица соодветен на бројот на благајните во експозитурата, применувајќи го истовремено правилото за меѓусебно растојание од најмалку 2 метри во експозитурата, како и пред влезот.

За да се избегнат блиски контакти, УНИБанка ги повикува пензионерите кои имаат дебитна картичка или користат електронско/мобилно банкарство своите финансиски потреби да ги вршат преку плаќање со картичка, преку банкоматите и електронските канали на УНИБанка, односно максимално да избегнуваат посета на шалтерите.

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје започна со исплата на ноемвриските пензии

Објавено

на

Имајќи ги во превид препораките и засилените мерки за заштита од ширење на COVID – 19, Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите клиенти пензионери дека пензиите за месец ноември од фондот на ПИОМ се предвреме процесирани при што ќе се спроведе готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Македонска банкарска асоцијација донира лаптопи за студенти и ученици

Објавено

на

Финансиската писменост е еден од важните предуслови за квалитетен живот, спокојно планирање на животните трошоци и распоредување на приходите на секој поединец. Македонската банкарска асоцијација особено внимание посветува на финансиската писменост на клиентите на членките на асоцијацијата, банките и штедилниците, и вложува ресурси за нејзино подобрување, почнувајки од најраните години на децата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка со уште една општествено одговорна мисија – Онлајн обуки за практични вештини и знаење на 500 средношколци

Објавено

на

Во услови на пандемија од вирусот Covid-19 и ограничен пристап на учениците до наставните процеси, Комерцијална банка успеа на 500 средношколци од СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ од Скопје да им пренесе практични вештини и знаење на теми од суштинско значење за нивното образование, идно вработување и градење здрави финансиски навики. (more…)

Продолжи со читање

Популарно