Connect with us

Домашни банки

УНИБанка од денес започна со предвремена исплата на мартовските пензии

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти – пензионери, известува дека овозможи исплатата на пензијата за месец март на трансакциска сметка да биде денес, на (29-ти март 2021 година).

Во услови на засилени мерки за заштита на здравјето,  пензионерите својата пензија ќе може да ја подигнат од банкомат започнувајќи од денес (29-ти март), додека подигнувањето на пензијата преку шалтер ќе може да се реализира исто така, започнувајќи од денес (29-ти март) секој работен ден во експозитурите на Банката.

Исплатите преку шалтер ќе се вршат по следните критериуми:

  • Во понеделник, на 29.03.2021 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;
  • Во вторник, на 30.03.2021 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
  • Во среда, на 31.03.2021 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
  • Во четврток, на 01.04.2021 година исплата на пензии во висина над 18.001 денари.

Во случај на неопходна посета на експозитура, од банката замолуваат да се почитуваат правилата за влез во согласност со препораките на Владата, според кои влезот ќе биде ограничен и дозволен за број на лица соодветен на бројот на благајните во експозитурата, применувајќи го истовремено правилото за меѓусебно растојание од најмалку 2 метри во  експозитурата, како и пред влезот.

За да се избегнат блиски контакти, од УНИБанка ги повикуваат пензионерите кои имаат дебитна картичка или користат електронско/мобилно банкарство своите финансиски потреби да ги вршат преку плаќање со картичка, преку банкоматите и електронските канали на УНИБанка, односно максимално да избегнуваат посетите на шалтерите.

Домашни банки

Зошто инвестирањето во недвижнини е најдобра инвестиција?

Објавено

на

Една од најпродуктивните форми на долгорочна инвестиција е вложувањето во недвижнини. Поседувањето земјиште и недвижен имот отсекогаш се сметало за богатство бидејќи покрај повеќекратните финансиски добивки, вложувањето во куќи, станови и деловен простор е сигурен и безбеден начин за зачувување на вредноста на парите. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка ја поддржува македонската музика

Објавено

на

Oд 31јули до 2 август Охрид ќе биде центарот на македонската музика, каде што овие три дена ќе се одржи фестивалот „Аларм“ со настап на десетици музички имиња од земјава. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје со поддршка за македонските спортисти на ЛОИ!

Објавено

на

Македонскиот олимпиец Дејан Георгиевски стигна до финалето на Летните олимписки игри во Таеквондо категорија мажи до 80кг! (more…)

Продолжи со читање


Популарно