Connect with us

Домашни банки

УНИБанка: До 31 март очекувајте пакет понуда со олеснувања за физичките лица

Објавено

на

УНИБанка, преку своите социјални медиуми објави информација поврзана со олеснувањата кои ќе ги понуди на своите клиенти при отплата на нивните кредитни изложености во банката.

Соопштението ви го пренесуваме во целост:

Ве известуваме дека согласно моменталната состојба со која се соочуваме, пандемијата на вирусот КОВИД-19, УНИБанка АД Скопје со цел да им помогне на сите клиенти кои финансиски се засегнати од кризата ќе овозможи комплетна поддршка и олеснување на сите свои клиенти при отплата на нивните кредитни изложености во банката.

До 31.03.2020 година очекувајте пакет понуда во која ќе се објават и објаснат олеснувањата за клиентите физички лица во УНИБанка:
– корисници на кредити
– корисници на кредитни картички и
– корисници на дозволено пречекорување (овердрафт)

Банката ќе понуди можност за одложување на отплатата на кредитите и можност за редовна отплата на постоечките кредити, по избор на клиентите.

УНИБанка ќе понуди и пакет – опции за правните лица кои во зависност од природата на потребата ќе бидат усогласени со секое правно лице индивидуално.

Ништо не е невозможно. Можеме да направиме сè ако се трудиме доволно.” – стои во соопштението.

Домашни банки

Македонска банкарска асоцијација: Циркулираат лажни информации за банки, внимавајте кои информации ги земате за веродостојни!

Објавено

на

Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека изминатите денови е присутна појава на објави со неточни информации за поединечни банки, коишто можат да предизвикаат неоснована вознемиреност кај граѓаните. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Пензиите ќе се исплаќаат од 27-ми октомври

Објавено

на

Владата на Република Северна Македонија на денешната 13-та седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за октомври 2020 година и притоа го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26.10.2020 година (понеделник) (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Известување за нова локација на банкомат на Централна кооперативна Банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека е поставен нов банкомат на следната локација: во просториите на локалот Шкорпион 13, бул. “Маршал Тито” бр. 79, Куманово. (more…)

Продолжи со читање

Популарно