Connect with us

Наградни игри

УНИБанка ги додели паричните награди на десет корисници на Visa картичките од играта „Купи…победи”

Објавено

на

На 30.11.2020 година во просториите на УНИБанкабеа извлечени десетте добитници на парични награди од наградната игра со Visa „Купи…победи”.

Извлекувањето беше направено во присуство на нотар, претставник на маркетинг агенцијата и директори на дирекции Банкарство за население и Картично работење на УНИБанка.

Како потсетување, УНИБанка заедно со Visa организираа наградна игра која траеше во период од 01.09.2020 до 31.10.2020 година. Во оваа наградна игра право на учество имаа сите полнолетни граѓани, корисници на една од следните картички – Visa Classic Debit, Visa Classic и Visa Gold, издадени од УНИБанка. Условот беше да се купува онлајн или да се плати на ПОС терминал за минимум 500 денари и тоа пет пати.

Наградите се доделени на клиенти на Банката од Скопје, Охрид, Кавадарци, Струмица и Струга од кои три парични награди од по 60.000,00 денари, три од по 30.000,00 денари, три од по 10.000,00 денари и една парична награда од 100.000,00 денари.

„Јас сум многу изненадена, не очекував дека сум добитник на првата награда. Kога започна играта не помислив дека ќе освојам награда…едноставно ја користев мојата картичка. Ви благодарам!”, изјави Маја, среќната добитничка на паричната награда од 100.000,00 денари.

УНИБанкаим честита на добитниците за освоените парични награди.

Наградни игри

Шпаркасе Банка извлече нови 10 добитници од наградната игра “Happy VISA викенд”

Објавено

на

Шпаркасе Банка Македонија извлече нови 10 добитници од наградната игра „Happy VISA викенд“ со VISA платежните картички издадени од Банката. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Доделени наградите од наградната игра на Тиго Фајнанс „Земи кредит, зграпчи награда“

Објавено

на

На 4 август годинава, Тиго Фајнанс ги извлече десетте среќни добитници од наградната игра „Земи кредит, зграпчи награда“, кои во деновите по извлекувањето ги подигнаа своите вредни награди. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

„Happy VISA викенд!“ – Наградна игра на Шпаркасе Банка Македонија во соработка со VISA

Објавено

на

Од денес започнува наградната игра „Happy Visa викенд“ за сите клиенти на Шпаркасе Банка Македонија, корисници на дебитни и кредитни картички Visa, кои со секоја трансакција на износ поголем или еднаков на 500,00 денари, имаат можност да освојат една од многубројните награди: (more…)

Продолжи со читање



Популарно