Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Домашни банки

УНИБанка воведува “3D Secure” технологија за поголема сигурност при интернет плаќања со картички

Објавено

на

„УНИБанка” воведува 3D Secure технологија со што обезбедува дополнителна заштита на своите клиенти при интернет плаќања со картички.

3D Secure технологијата претставува превенција од злоупотреби при интернет плаќања преку користење на највисоко ниво на автентикација на клиентите корисници на картички. Заштитата на клиентите се заснова на динамички метод на автентикација на корисникот на картичка, кој се реализира со користење на еднократна лозинка – ОТП лозинка. Клиентите ќе ја добиваат ОТП лозинката преку СМС порака на мобилен телефонски број регистриран во банката и истата е валидна само за конкретната интернет трансакција. Оваа технологија ќе се применува на плаќањата со Mastercard и Visa картички.

“3D Secure” технологијата не го менува начинот на плаќање преку интернет, но додава дополнителен чекор, кој овозможува проверка на идентитетот на корисникот на картичката. Покрај стандардните податоци кои се потребни за плаќање на интернет, кај трговци кои учествуваат во програмите за сигурност Mastercard SecureCode и Visa Secure/Verfied by Visa, ќе биде потребно и внесување на ОТП лозинка. Со цел непречено извршување на интернет плаќањата, неопходно е клиентите да го ажурираат својот мобилен телефонски број во било која експозитура на банката.

Новата технологија, која обезбедува највисоко ниво на заштита на клиентите, е бесплатна за сите корисници на картички издадени од УНИБанка АД Скопје и за нејзино користење не е потребна дополнителна регистрација.

Домашни банки

УНИБанка оствари добивка од 161,9 милиони денари за 9 месеци во 2019 година

Објавено

на

УНИБанка заклучно со третиот квартал од 2019 година, делуваше во согласност со приоритетните цели и задачи дефинирани во усвоениот бизнис план за 2019 година. Клучна цел беше остварување на максимален профит преку оптимално ангажирање на изворите на средства во сигурни и профитабилни пласмани, во услови на стабилизирање на политичкиот амбиент и стабилизирање на очекувањата на економските субјекти. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Централна кооперативна банка АД Скопје со негативен финансиски резултат го заокружи третиот квартал од 2019 година

Објавено

на

Податоците од финансискиот извештај за работењето во третото тримесечје од 2019 година, објавен на Македонска берза покажуваат дека Централна кооперативна банка АД Скопје има остварено негативен финансиски резултат, кој е послаб во однос на истиот период од минатата година, кога банката забележа добивка. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД-Скопје се соочува со лажен Фејсбук профил и лажни награди

Објавено

на

Во текот на вчерашниот ден се појави лажна Facebook страна со име “Stopanska banka AD”, која се обидува да прибере лични податоци од корисници на оваа социјална мрежа. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange