Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Домашни банки

“УНИБанка” АД Скопjе со промени во раководството

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје направи промени во оперативното раководство на финансиската институција. По 16 години работа во УНИБанка, г-н Коста Митровски се повлекува од позицијата на Главен Извршен директор и Претседател на Управниот Одбор на банката, сметано од 10.05.2019 година.

Раководството на УНИБанка е благодарно за придонесот на г-н Митровски во развојот на банката, за долгогодишната работа во насока на зацврстување и докажување на институцијата како стабилен и сигурен партнер за клиентите и му посакува успех во понатамошните активности.

Работните обврски на г-н Митровски ќе бидат распределени меѓу останатите тројца членови на УО и воедно Извршни директори на УНИБанка – г-н Делчо Крстев, г-н Владислав Хаџидинев и г-ѓа Милка Тодорова.

УНИБанка е една од наjбрзо растечките компании во земјата, со активи од над 330 милиони евра и добивка од 4,35 милиони евра за 2018 година.

Домашни банки

„Вози од срце“ проектот на Стопанска банка АД – Скопје ја оствари целта – Извозени 1 МИЛИОН километри на велосипед!

Објавено

на

Хуманитарна акција „Вози од срце“ е проект на Стопанска банка АД – Скопје со цел одбележување на 75-годишнината од постоењето со својата заедница. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје нема да го менува Статутот на банката

Објавено

на

Во Дневниот ред за работа на 46-та седница на Собранието на акционери на Стопанска банка АД – Скопје беше предложена Предлог-одлука за измена на Статутот на банката (која се однесува на правата на акциите). (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Global Finance ја прогласи Комерцијална банка за „Најдобар FX Провајдер во Северна Македонија за 2020 година“

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје е прогласена за „Најдобар FX Провајдер во Северна Македонија за 2020 година“ (најдобар давател на услуги од областа на девизните пазари во земјава) од страна на светскиот магазин Global Finance, со седиште во Њујорк, САД. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange