Connect with us

Домашни банки

УНИБанка АД Скопје ја исплати шесттата полугодишна камата на сопствениците на Перпетуални обврзници

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје денес (24.01.2022 година) ја исплати шесттата полугодишна камата на сопствениците на перпетуални обврзници со ISIN MKBLBA200011 и шифра UNIPO.

Пресметката на камата е извршена по фиксна каматна стапка од 9% на годишно ниво.

Како потсетување, во јануари 2019 година УНИБанка ја издаде првата емисија на перпетуални обврзници во Република Северна Македонија, што претставува прв финансиски инструмент од овој вид на македонскиот пазар на капитал.

Вкупната номинална вредност на емисијата изнесува 5 милиони евра. Обврзницата е без рок на доспевање, со фиксна каматната стапка од 9% на годишно ниво за првите пет години, по завршување на овој период каматната стапка се зголемува на 11%. Номиналната вредност на обврзницата изнесува 1.000 евра.

Перпетуалната обврзница е котирана и со истата може да се тргува на официјалниот пазар на Македонска берза.

Домашни банки

Шпаркасе Банка им додели стипендии на студенти од Економскиот факултет – Прилеп

Објавено

на

На 3.10.2022 година, на првиот свечен академски час, Шпаркасе Банка им додели три студентски стипендии на тројца студенти запишани во прва година на прв циклус студии на Економскиот факултет – Прилеп, во согласност со Конкурсот за запишување студенти  на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола во акaдемската 2022/2023 година. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Шпаркасе Банка со нов дизајн и функционалности на S-банка мобилната апликација

Објавено

на

Новата верзија на S-банка со нов, модерен и интуитивен дизајн е веќе достапна за сите корисници на мобилно банкарство на Шпаркасе Банка. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка горда на резултатите на својот КБ тим на Скопскиот маратон

Објавено

на

Неуморноста и посветеноста дефинитивно се одлика на тимот на Комерцијална банка. Затоа и не изостанаа добрите резултати на маратонците од Банката на годинашниот Скопски маратон. (more…)

Продолжи со читање

Популарно