Connect with us

Домашни банки

УНИБанка АД Скопје оствари добивка од 131,8 милиони денари во првите 6 месеци од 2020 година

Објавено

на

УНИБанка во првaта половина од 2020 година делуваше во согласност со приоритетните цели и задачи дефинирани во усвоениот бизнис план за 2020 година. Клучна цел беше остварување на профит и раст согласно бизнис целите преку оптимално ангажирање на изворите на средства во сигурни и профитабилни пласмани, во услови на стабилизирање на политичкиот амбиент и стабилизирање на очекувањата на економските субјекти.

Остварените вкупни приходи од работење во првата половина од 2020 година изнесуваат 771,5 милиони денари  и во однос на минатата година бележат пораст од  7.2%.

Најголем придонес во остварувањето на  позитивен финансиски резултат во износ од 131,8 милиони денари имаат приходите од камати како најзначаен елемент на банкарските приходи.

Имено, во структурата на вкупните приходи (приходи од камати, приходи од провизии и надомести, нето-приходи/расходи од курсни разлики и останати приходи од дејноста), најголемо учество од 73.2% имаат приходи од камати, кои во споредба со истиот период  од 2019 година се зголемени за 9.6%, како резултат на порастот на кредитното портфолио кое во однос на 31.12.2019 се зголеми за 2.2% и достигна ниво од 16,7 милијарди денари. Анализата на секторската структура на приходите од камати покажува поголема ориентација на банката кон кредитирање на секторот население  и соодветно е остварен годишен пораст од 10.1 проценти на приходите од камати на население.

Остварените расходи во првата половина  од 2020 година изнесуваат 639,7 милиони денари и бележат пораст од 3.6% во однос на истиот период од 2019 година. Зголемувањето на расходите на банката се должи на расходите за провизии и надомести како и поголемиот износ на издвоени средства за зајакнување на резервациите по кредити.

Остварувањето на билансните цели на банката е минимално под очекуваното ниво за првата половина од 2020 година, а сепак бележи пораст од 4%  во однос на Декември 2019 година, особено во делот на кредитирање на население.

Анализата на структурата на пасивата на билансот на состојба за 2020 година во споредба со планираната укажува на 97% исполнување на таргетираните извори на финансирање од секторот население, кои се минимално зголемени во однос на 31.12.2019 година. За разлика од нив, прибраните средства од финансискиот сектор се  зголемени за 27% и значително го надминуваат таргетираното ниво.

Светската пандемија педизвикана од COVID 19  има силни економски последици врз глобалната економија, а следствено на тоа и врз македонската економија.

Народна банка и Владата на РСМ донесоа повеќе мерки во насока на ублажување на последиците од пандемијата врз финансискиот систем во државата. Согласно новонастанатата ситуација со COVID-19, НБРСМ донесе Одлука за изменување и дополнување на одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик со цел олабавување на условите при преземање и мерење на кредитниот ризик, во времетраење на вонредната состојба, предизвикана од COVID-19.

Банката ги следи економските трендови во националната, регионалната и глобалната економија со цел да се здобие со корисни информации во процесот на донесување на соодветни деловни одлуки.

Својата активност во 2020 година, Банката ќе ја остварува во значително изменети макроекономски услови во однос на првичните проекциите на раст на домашната економија предвидени со финансискиот план за 2020 година.

Домашни банки

На Halk Velo Green од 233 учесници се собраа 184.500 денари наменети за пошумување

Објавено

на

На хронометар велосипедската трка Halk Velo Green што Халкбанк АД Скопје ја организираше на 8 Септември, во Маврово, учествуваа 233 велосипедисти кои преку плаќање на котизација дадоа свој придонес за собирање на 184.500 мкд кои се наменети за пошумување на локација каде што има потреба од истото.  (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Огромно срце за сите на точак – нов #ВозиПравоВозиЗдраво предизвик за #НеделаНаМобилност

Објавено

на

Овие денови пред 6 години Стопанска банка АД – Скопје го организираше првото издание на „Вози право, вози здраво“ и почна да ја „вози“ заедно со своите поддржувачи оваа приказна за грижа за нашата животна средина и за развој на вело културата! (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Експозитурата на УНИБанка во Охрид отсега на нова локација со нов и модерен изглед

Објавено

на

УНИБанка ги известува своите клиенти дека експозитура Охрид е преселена на нова локација во помодерни простории со цел подобрување на корисничкото искуство.  (more…)

Продолжи со читање



Популарно