Connect with us

Домашни банки

УНИБанка АД Скопје од денес (4-ти февруари) започна со исплата на парични права од социјална и детска заштита

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека од денес (4-ти февруари 2021 година) започна со исплата на паричните права од социјална и детска заштита  на корисниците кои паричната помош ја примаат на нивната сметка во Банката.
Во услови на засилени мерки за заштита на здравјето, подигнувањето на паричната помош ќе може да се реализира од 4-ти февруари (четврток), секој работен ден во експозитурите на Банката.

Исплатите во готово можат да се подигнат на банкомат започнувајќи од 4-ти февруари (четврток), додека исплатите на шалтер  ќе се вршат согласно утврден распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето:

  • Четврток, 04.02.2021 г. –  А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ;
  • Петок, 05.02.2021 г. – М, Н, Њ, О;П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Во случај на неопходна посета на експозитура, од Банката замолуваат за почитување на правилата за влез во согласност со препораките на Владата, според кои влезот ќе биде ограничен и дозволен за број на лица соодветен на бројот на благајните во експозитурата, применувајќи го истовремено правилото за меѓусебно растојание од најмалку 2 метри во експозитурата, како и пред влезот.

За да се избегнат блиски контакти, од Банката ги повикуваат клиентите кои имаат дебитна картичка или користат електронско/мобилно банкарство своите финансиски потреби да ги вршат преку плаќање со картичка, преку банкоматите и електронските канали на УНИБанка, односно максимално да избегнуваат посета на шалтерите.

Домашни банки

На Halk Velo Green од 233 учесници се собраа 184.500 денари наменети за пошумување

Објавено

на

На хронометар велосипедската трка Halk Velo Green што Халкбанк АД Скопје ја организираше на 8 Септември, во Маврово, учествуваа 233 велосипедисти кои преку плаќање на котизација дадоа свој придонес за собирање на 184.500 мкд кои се наменети за пошумување на локација каде што има потреба од истото.  (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Огромно срце за сите на точак – нов #ВозиПравоВозиЗдраво предизвик за #НеделаНаМобилност

Објавено

на

Овие денови пред 6 години Стопанска банка АД – Скопје го организираше првото издание на „Вози право, вози здраво“ и почна да ја „вози“ заедно со своите поддржувачи оваа приказна за грижа за нашата животна средина и за развој на вело културата! (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Експозитурата на УНИБанка во Охрид отсега на нова локација со нов и модерен изглед

Објавено

на

УНИБанка ги известува своите клиенти дека експозитура Охрид е преселена на нова локација во помодерни простории со цел подобрување на корисничкото искуство.  (more…)

Продолжи со читање



Популарно