Connect with us

Домашни банки

УНИБанка АД Скопје од денес започнува со исплата на парични права од социјална заштита за месец мај

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека од денес (2 – ри јуни 2020 година) ќе започне со исплата на паричните права од социјална заштита за месец мај на корисниците кои паричната помош ја примаат на нивната сметка во Банката.

Во услови на засилени мерки за заштита на здравјето, подигнувањето на паричната помош ќе може да се реализира од 2-ри  јуни (вторник), секој работен ден во експозитурите на Банката.

Исплатите во готово можат да се подигнат на банкомат секој работен ден, додека исплатите на шалтер  ќе се вршат согласно утврден распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето:

  • Вторник, 02.06.2020 –  А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;
  • Среда, 03.06.2020 – И, Ј, К, Л,  Љ, М, Н, Њ, О;
  • Четврток, 04.06.2020 – П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Во случај на неопходна посета на експозитура, од Банката замолуваат да се почитуваат правилата за влез во согласност со препораките на Владата, според кои влезот ќе биде ограничен и дозволен за број на лица соодветен на бројот на благајните во експозитурата, применувајќи го истовремено правилото за меѓусебно растојание од најмалку 2 метри во експозитурата, како и пред влезот.

За да се избегнат блиски контакти, УНИБанка ги повикува клиентите кои имаат дебитна картичка или користат електронско/мобилно банкарство своите финансиски потреби да ги вршат преку плаќање со картичка, преку банкоматите и електронските канали на УНИБанка, односно максимално да избегнуваат посета на шалтерите.

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје ќе изврши промена на провизиите за платен промет со странство

Објавено

на

Почнувајќи од 01.10.2020 година, Стопанска банка АД – Скопје ќе изврши промена на начинот на пресметка и наплата на трошоците за платен промет со странство во следните сегменти: (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

За НЛБ Банка клиентите се секогаш на прво место и се главен двигател на активностите на банката

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје уште еднаш докажува дека за неа се најважни клиентите и дека секогаш ги следи и исполнува нивните барања! (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Генералниот директор на Стопанска банка а.д. Битола, Владимир Евтимоски го зголеми својот удел во банката

Објавено

на

Преку соопштение објавено на Македонска берза, Стопанска банка а.д. Битола ја известува јавноста дека претседателот на Управниот одбор на банката, г-дин Владимир Ефтимоски се стекна со 77 обични акции издадени од Стопанска банка а.д. Битола. (more…)

Продолжи со читање

Популарно