Connect with us

Останато

УНДП: Пандемијата на коронавирусот ја зголемува екстремната сиромаштија

Објавено

на

Тешките долгорочни ефекти од пандемијата на Ковид-19 вирусот можат да втурнат уште 207 милиони луѓе ширум светот во екстремна сиромаштија, со што вкупниот број ќе достигне над една милијарда до 2030 година се наведува во објавените податоци од Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP).

Таквиот потег, сепак, не е неизбежен, бидејќи насочувањето на низа инвестиции за постигнување на целите на одржлив развој (SDG) ќе им овозможи на 146 милиони луѓе да се извлечат од екстремна сиромаштија во споредба со сегашниот Ковид-19 тренд, се вели во документот објавен на официјалната веб-страница на ОН.

Студијата го проценува влијанието на различните сценарија за опоравување од негативните последици на Ковид-19 врз целите на одржливиот развој, како и мултидимензионалните ефекти на пандемијата во следната деценија.

„Basic Covid“ сценариото кое е засновано врз моменталната стапка на смртност и последните проекции на глобалниот раст на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), покажува дека до 2030 година други 44 милиони луѓе би можеле да паднат во екстремна сиромаштија во однос на траекторијата на развој на светот пред пандемијата.

Според најлошото сценарио, кое вклучува бавно и долго закрепнување, коронавирусот веројатно ќе доведе до дополнителни 207 милиони луѓе во екстремна сиромаштија до 2030 година и ќе го зголеми бројот на сиромашни жени за 102 милиони во споредба со почетната траекторија, се вели во извештајот.

Ова сценарио, наречено „Great damage“, предвидува дека 80 проценти од последиците од економската криза предизвикана од Ковид-19 ќе траат до десет години како резултат на загубата на продуктивноста, спречувајќи целосно закрепнување на патеката на раст забележана пред пандемијата.

Студијата, исто така, открива дека насочувањето на збир на SDG инвестиции во програми за социјална заштита, управување, дигитализација и зелена економија во текот на следната деценија не само што може да спречи пораст на екстремната сиромаштија, туку и да влијае на линијата на глобалниот раст пред пандемијата.

Ова амбициозно, но изводливо сценарио на SDG ќе извлече 146 милиони луѓе од екстремна сиромаштија, ќе го намали родовиот јаз во сиромаштија и бројот на жени кои живеат во сиромаштија за 74 милиони, дури и со сегашните негативни ефекти од пандемијата, се вели во извештајот на УНДП (UNDP).

Останато

Лагард: Да се регулира тргувањето со биткоинот поради перење пари

Објавено

на

Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, повика на глобално регулирање на трговијата со биткоин, наведувајќи дека оваа дигитална валута во некои случаи се користи за активности за перење пари и дека е потребно да се затворат сите „дупки“ во регулативата, пренесува „Reuters“. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Биткоинот повторно достигна вредност од близу 40.000 американски долари

Објавено

на

Вредноста на биткоинот повторно се искачи на близу 40 илјади американски долари. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Директорката на ММФ, Кристалина Георгиева ги повика владите во светот да трошат што е можно повеќе

Објавено

на

Креаторите на политики ширум светот треба желно да прифаќаат зголемување на трошоците за да помогнат во заживување на нивните погодени економии, изјави шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Гергиева на годишниот руски економски форум „Гајдар”. (more…)

Продолжи со читање

Популарно