Connect with us

Останато

Украина продала повеќе од 12 милијарди долари златни резерви од почетокот на војната!?

Објавено

на

Украинската централна банка продала златни резерви од 12,4 милијарди американски долари од почетокот на руската инвазија на 24-ти февруари, изјави во неделата заменик-гувернерката Катерина Рожкова за националната телевизија.

„Продаваме злато како би можеле нашите увозници да ги купат неопходните производи за земјата“, рече Рожкова, а пренесува „Reuters“. Заменик-гувернерот истакна дека златото не се продава поради зајакнувањето на украинската гривни.

На крајот на 2021 година, Светската банка процени дека Украина има околу 30,97 милијарди американски долари златни резерви.

Што се однесува до проценетите резерви на злато кои лежат во форма на руди кои чекаат да бидат ископани, оваа земја разурната од војна се проценува дека е многу богата, а германскиот „Gima.de” проценува дека околу 500 тони од благородниот метал се наоѓаат само во регионот на Донбас.

Останато

„НEзаштитена пpирода“ – Изложба на фотографии на Велиан Јагев за подигнување на свесноста за животната средина, поддржана oд ПроКредит Банка

Објавено

на

Во соработка со фотографот Велиан Јагев, ПроКредит банка организира патувачка изложба на уметнички фотографии од ретки и уникатни птици кои живеат на територијата на Македонија, изработени од страна на Пикс Плус. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Еcommerce4all.eu – бесплатна едукативна платформа за развој на прекуграничната е-трговија во ЦЕФТА

Објавено

на

Неодамна е комплетирана – ecommerce4all. eu – првата регионална платформа за е-трговија која претставува информативен центар е-трговија во ЦЕФТА регионот. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Европската комисија предвидува раст од 2 проценти на македонската економија за годинава

Објавено

на

Европската комисија предвидува дека македонската економија годинава ќе забележи раст од два отсто, а во 2024 од 3,1 проценти. (more…)

Продолжи со читање

Популарно