Connect with us

Останато

Угостителските објекти целосно се затвораат од утре, но дали ќе им биде понудена економска помош!?

Објавено

на

Се очекува Владата денеска да донесе нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот откако претпладнето таков предлог доставил Главниот кризен штаб, дознава Банкарство.мк.

Според нашите сознанија, почнувајќи од утре (06.04.2021 година) па во наредните 14 дена ќе бидат целосно затворени угостителските објекти. Оваа мерка би се донела со цел спречување на ширењето на Ковид-19 вирусот, бидејќи изминатиов период голем дел од угостителските објекти ги прекршиле делумно или целосно протоколите предвидени за работа во време на пандемија.

Исто така, и полицискиот час се поместува, па така наместо како досега во 22 часот, тој ќе започнува од 20 часот и ќе трае до 5 часот наутро.

Но, доколку оваа Одлука на Владата се официјализира во текот на денот, ќе се јави голем револт кај угостителите кои и онака се разочарани од досегашните мерки поради кои драстично им се намалени приходите, но и од малиот обем на економска помош која им беше дадена од страна на државата како дел од петтиот пакет економски мерки.

Дали во следниот период ќе им биде доделена дополнителна помош на угостителите или повторно ќе има зголемен број на невработени лица кои останале без својата работа како последица на пандемијата од коронавирусот и мерките кои се преземени со цел спречување на нејзиното понатамошно ширење.

Дополнително, останува нејасно дали ќе затворат сите угостители без разлика на нивната дејност или ќе се остави простор за работа на угостителските субјекти кои исклучиво ќе вршат достава на храна и пијалоци.

Останато

Комората на сметководители се придружува на протестот на ТУК

Објавено

на

Комората на сметководители години наназад реагира на репресивната улога на Министерството за финансии и неговата улога во уништувањето на сметководствената професија. Структури од Секторот за финансиски систем од ова министерство, наместо да ги извршуваат своите работните задачи во интерес на граѓаните, за што земаат плата, делуваат низ призма на исполнување на своите лични интереси притоа загрозувајќи ја егзистенцијата на 10.000 професионалци од дејноста. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Маск загуби 5,6 милијарди долари за еден ден по падот на акциите на „Tesla”

Објавено

на

Акциите на компанијата „Tesla” на Илон Маск забележаа пад по информацијата дека две лица загинаа во несреќа со електричен автомобил на компанијата во текот на изминатиот викенд, пишува списанието „Forbes”. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Просечна месечна нето-плата по вработен во февруари изнесува 27.948 денари

Објавено

на

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, изнесува 102.7. (more…)

Продолжи со читање




Популарно