Connect with us

Компании

Убер регистрира загуба од милијарда долари во изминатото тромесечие

Објавено

на

Американската компанија „Убер технолоџис“ во изминатото тромесечие забележа зголемување на загубите на повеќе од милијарда долари, додека приходите се зголемиле за едноцифрени стапки пред планираната иницијална понуда следната година.

Таа компанија за посредување во услугите на превоз, во третото тромесечје работела со загуба од 1,07 милијарди долари, додека во претходниот кавартал загубата изнесувала 891 милиони, пренесува Н1.

Нето приходите на компанијата во изминатото тромесечје се зголемиле за пет отсто во однос на претходниот квартал, на 2,95 милијарди долари, додека бруто приходите и нарачка се зголемиле за шест отсто, на 12, 7 милијарди долари, соопшти Убер.

До неодамна приходите на таа компанија растеа со двоцифрени стапки на квартално ниво, но во последните тромесечја нивниот раст е забавен на едноцифрени. Сепак на годишно ниво и натаму се бележи голем раст.

Така нето приходите во изминатото тромесечје биле за 38% поголеми отколку во истиот период минатата година, додека бруто приходите истовремено се зголемиле за 41%.

Како приватна компанија Убер не е должна јавно да објавува финансиски извештаи, но фирмата почна да информира за деловните резултати бидејќи во следната година планира да спроведе јавна понуда и да ги изнесе акциите на берзата.

Компании

Amazon продавниците без каси и касиери стигнуваат и во Европа

Објавено

на

Празниците се најдоброто време кога ја разбираме потребата за онлајн купување, затоа што гужвите низ продавниците се огромни. Дури и да го најдете тоа што ви треба за кратко време, сигурно ќе “заглавите„ на каса. Amazon е првиот бренд кој успеал да отвори продавница во која нема каси. Ваквиот концепт ќе станува се популарен во иднина.  (more…)

Продолжи со читање

Компании

Credissimo со број 1 клиентска услуга во онлајн кредитирањето и уште многу Новогодишни изненадувања

Објавено

на

Со титулата “Најдобра услуга“ помеѓу компаниите за брзи кредити се здоби Credissimo, само 2 години откако официјално ја започна својата дејност во Македонија. Истражувањето за квалитетот на клиентската услуга, помеѓу небанкарските финансиски друштва во државата – “Таен клиент“, беше спроведено меѓу 5-те најпопуларни компании од секторот, кои нудат брзи кредити онлајн. Со идентични прашања и критериуми, беа направени 15 проверки за квалитет, љубезност, информираност и прозрачност кон клиентот по телефон, од страна на една од најголемите интернационални агенции за маркертинг истражувања – IPSOS, која има над 50 интернационални претставништа и е класирана во топ 5 компании за истражувачки услуги во светот. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Прогласени десетте добитници на престижното признание – Македонски квалитет 2018

Објавено

на

Во присуство на брojни гости, традиционално во рамки на манифестацијата Македонски Квалитет, беа прогласени десетте добитници на престижното признание за 2018 година, кое го доделува Сојузот на стопански комори на Македонија под покровителство на претседателот на Република Македонија. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange