Останато
Уапсени членови на меѓународна група која ограби сефови во две македонски банки


Обвинителството за организиран криминал отвори истрага против седуммина осомничени за ограбување сефови во две македонски банки, објави Сакам да кажам.
Станува збор за меѓународна криминална група составена од четворица украински државјани и по еден државјанин на Молдавија, Казахстан и на САД, од кои еден е веќе уапсен во Латвија, а двајца во Таџикистан.
Како што соопштија од Обвинителството за организиран криминал, осомничените во Македонија извршиле 19 тешки кражби од граѓански сефови во филијали на Шпаркасе Банка Македонија и на Централна кооперативна банка во Скопје. Притоа се стекнале со противправна имотна корист од 105.638.858 денари во пари, накит и други вредни предмети. Тие се осомничени дека ги сториле кривичните дела Тешка кражба и Злосторничко здружување.
„Во периодот од јули до ноември 2017 година, осомничените извршиле закуп на граѓански сефови во различни банки на различни места во Скопје со цел да ги проценат околностите и системот на безбедност во банките. Притоа користеле лажни идентитети и во одреден период секојдневно ги посетувале филијалите во кои имале закупени сефови. Искористувајќи момент без присуство на службено лице, со специјални уреди ја снимале внатрешноста на бравите на сефовите и потоа изработувале клучеви–калаузи за нивно отворање. Одземените вредни предмети од сефовите биле изнесени од Република Македонија, поединечно од секој член на групата, на различни гранични премини и во различни временски периоди. Оваа криминална група на истиот начин извршила тешки кражби и во други земји“, се вели во соопштението.
Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, преку меѓународна правна помош испрати барање за прибирање податоци и доказен материјал до надлежните институции во овие земји.
Останато
СИСТЕМОТ КОНЕЧНО АЖУРИРАН – Корисниците на МојДДВ може да се вратат на напредниот скенер за скенирање на фискални сметки


Управата за јавни приходи, ги информира корисниците на апликацијата МојДДВ, дека може да се вратат на напредниот скенер за скенирање на фискални сметки. (more…)
Останато
ЗАГРИЖУВАЧКИ ПОДАТОК – Луѓето поминуваат по 4 до 5 часа во просек на ден на мобилните апликации!?


Истражувачите на пазарот на мобилни апликации открија дека потрошувачите поминуваат се повеќе време со своите паметни телефони. Според истражувањето на „data.ai” (порано App Annie) во 13 земји, луѓето моментално посветуваат 4 до 5 часа од својот ден на мобилни апликации. (more…)
Останато
Поголем дел од светската популација ќе користи дигитални паричници до 2026 година


Повеќе од пет милијарди луѓе ќе користат дигитални паричници до 2026 година. Водечки фактор во нивното ширење ќе бидат „супер-апликациите“ кои ќе го поттикнат нивното усвојување меѓу луѓето, особено во земјите во развој, според глобална студија. (more…)
- Останатопред 3 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Депозитипред 1 month
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 1 month
Ова лето можеш сè
- Кредитипред 2 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Интервјуапред 1 month
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје