Останато
Турција ќе ги намалува каматните стапки и покрај високата инфлација

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека сака повторно да ги намали каматните стапки откако инфлацијата во Турција во мај достигна рекордни 73,5 проценти на годишно ниво.
„Никој да не го очекува тоа од нас. Оваа влада нема да ги зголеми каматните стапки. Напротив, ќе продолжиме да ги намалуваме”, изјави Ердоган на прес-конференција по владиниот состанок.
Спротивно на традиционалните економски теории, турскиот претседател смета дека високите каматни стапки ја стимулираат инфлацијата.
На крајот на 2021 година, Ердоган ја принуди централната банка да ја намали каматната стапка од 19% на 14 проценти од септември и декември истата година, што предизвика колапс на националната валута.
Инфлацијата во Турција во мај достигна 73,5 проценти на годишно ниво, што е најмногу од декември 1998 година, поттикната од растот на цените на енергенсите и храната, покажуваат неодамнешните официјални бројки.
Останато
Еcommerce4all.eu – бесплатна едукативна платформа за развој на прекуграничната е-трговија во ЦЕФТА

Неодамна е комплетирана – ecommerce4all. eu – првата регионална платформа за е-трговија која претставува информативен центар е-трговија во ЦЕФТА регионот. (more…)
Останато
Европската комисија предвидува раст од 2 проценти на македонската економија за годинава

Европската комисија предвидува дека македонската економија годинава ќе забележи раст од два отсто, а во 2024 од 3,1 проценти. (more…)
Останато
Ќе се издава граѓанска обврзница за финансирање на развојни проекти

Министерството за финансии планира во јуни да издаде граѓанска обврзница со рок од две години и со примамлива камата. Според министерот за финансии, Фатмир Бесими, новиот финансиски инструмент ќе им овозможи на граѓаните да купат обврзница од минимум 10.000 денари, а со цел развој на финансикиот пазар. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје