Connect with us

Останато

Турција со нов економски модел за да ја спаси економијата

Објавено

на

Финансиските случувања во Турција се алармантни – пад на турската лира за 30%, пад на берзата за 17%, скок на каматните стапки на државниот долг во лири на 18%– тоа би можело да биде најава за објавување економско забавување во таа земја, можеби дури и рецесија.

Турската лира од почетокот на годината потона за 30% во однос на американскиот долар. Пазарот на акции падна за 17%, а ако се мери во долари, како што прават странските инвеститори, падот на цените на акциите достигна и 40%.

Второ мерило што често се гледа на пазарите е колкави се трошоците за позајмување на државата. Кредит на 10 години во лири е сега чи 18% годишно, па дури и задолжувањето на Турција во долари е скапо, а кредитите се даваат со камати од околу 7%.

Многу турски компании се задолжувале во девизи. Таквите заеми стануваат поскапи за да се вратат ако националниот девизен курс падне, а паѓа. Слабата валута, исто така, го влошува проблемот со инфлацијата во Турција. Слабата лира го прави увозот многу поскап.

Министерството за финансии соопшти дека ресорниот министер, Берат Албајрак денеска ќе ја објави рамката на новиот економски модел. Министерството додаде дека очекува инфлацијата, која во моментов изнесува речиси 16%, мора да се врати на едноцифрено ниво.

Турската централна банка веќе презеде неколку чекори, но без трајно влијание врз проблемот. Она што ги мачи пазарите, повеќето економисти би рекле, е лошата информираност на Ердоган за каматните стапки. Тој се опишува како непријател на каматните стапки.

Резултатот е дека инвеститорите не се убедени дека централната банка ќе го направи она што е потребно за да ја стабилизира валутата и со тоа да ја контролира инфлацијата. Од друга страна, тоа ги прави многу повнимателни во врска со шансите во врска со турскиот финансиски имот.

Агенцијата Фич, предупредува дека е зголемен ризикот од остро приземјување на турската економија, што значи нагло успорување на растот, а можеби и рецесија.

Останато

Стопанска комора: Поквалитетно формално образование и без предрасуди кон средното стручно

Објавено

на

Да се зголеми квалитетот на формалното образование, а неформалното да овозможи побрзо приспособување кон барањата и потребите на пазарот на трудот, апелира Стопанската комора на Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Преку веб-платформата „Граѓански буџет“, граѓаните ќе имаат увид во Буџетот на РМ

Објавено

на

Буџетот на Република Македонија станува уште подостапен до граѓаните преку веб-платформата изработена од победниците на ФинХакатонот. Како што беше истакнато денеска на прес-конференција во Министерството за финансии, граѓаните ќе ги дели само еден клик до сите информации за приходите и расходите во буџетот. На овој начин буџетот ќе им стане подостапен на граѓаните. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ММФ: Исправни се мерките за одржливоста на пензиите, социјалната еднаквост и поддршка на вработеноста

Објавено

на

Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд која го одржа завршниот состанок во Министерството за финансии, оценува дека е исправно што Предлог-буџетот за 2019 година е фокусиран на оддржливоста на пензискиот систем, промовирањето на социјалната еднаквост и поддршката на вработеноста. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange