Останато
ТУРЦИЈА ВО ПАНИКА – Инфлацијата достигна рекордна стапка од 78,62 проценти!

Годишната инфлација во Турција во јуни достигна 78,62 отсто, што е највисока од 1998 година. Ова го објави Националното биро за статистика на Анкара, каде беше посочено дека цената на стоките за широка потрошувачка пораснала за 4,95 проценти.
Претходниот месец стапката на инфлација беше околу 74 проценти.
Иако во многу земји поскапеа прехранбените производи, многумина го обвинуваат претседателот Реџеп Таип Ердоган за економската криза во Турција, пишуваат тамошните медиуми.
Податоците покажуваат дека транспортот и намирниците особено пораснаа значително во јуни на годишна основа. Трошоците за производство, исто така, продолжија да растат.
„Според податоците на Заводот за статистика, цените што ги добиваат производителите за својата стока во јуни се зголемени за околу 138 отсто во споредба со цените пред една година! Во однос на претходниот месец, има зголемување за околу 6,8 проценти. Производните цени обично течат со временско задоцнување и делумно се вклучени во потрошувачките цени”, се наведува во соопштението.
Опозицијата ја обвинува владата дека ги крие бројките за инфлација и претпоставува значително повисока стапка.
Како што пишуваат тамошните медиуми, стапката на инфлација во Турција е поттикната од неколку фактори, како штос е се: слабата национална валута, лирата, која доведе до значителни зголемувања на цените, бидејќи стоките увезени во Турција стануваат поскапи како резултат на тоа.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пак, тврди дека високите каматни стапки предизвикуваат инфлација. Централната банка ја следи линијата на Ердоган и досега се воздржуваше од зголемување на каматните стапки. Од јануари досега ги задржа каматните стапки на 14 проценти.
Останато
Еcommerce4all.eu – бесплатна едукативна платформа за развој на прекуграничната е-трговија во ЦЕФТА

Неодамна е комплетирана – ecommerce4all. eu – првата регионална платформа за е-трговија која претставува информативен центар е-трговија во ЦЕФТА регионот. (more…)
Останато
Европската комисија предвидува раст од 2 проценти на македонската економија за годинава

Европската комисија предвидува дека македонската економија годинава ќе забележи раст од два отсто, а во 2024 од 3,1 проценти. (more…)
Останато
Ќе се издава граѓанска обврзница за финансирање на развојни проекти

Министерството за финансии планира во јуни да издаде граѓанска обврзница со рок од две години и со примамлива камата. Според министерот за финансии, Фатмир Бесими, новиот финансиски инструмент ќе им овозможи на граѓаните да купат обврзница од минимум 10.000 денари, а со цел развој на финансикиот пазар. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје