Connect with us

Останато

Турските фирми ќе треба да отплатат речиси 180 милијарди долари за помалу од една година

Објавено

на

Финансиската корпорација Џеј Пи Морган денеска соопшти дека турските компании се соочуваат со надворешен долг од 179 милијарди долари кои достасуваат за наплата до јули 2019 година, што претставува сериозен товар за економијата.

Најголем дел од тој долг, околу 146 милијарди долари, е долг на приватни турски компании, пред се на банките, додека централната Влада мора да отплати или репрограмира скромни 4,3 милијарди долари.

Сепак, земено вкупно надворешниот долг кој достасува за наплата изнесува безмалку една четвртина од турската економија, а состојбата е особено загрижувачка имајќи го предвид падот на турската лира, оценува Џеј Пи Морган.

Турската валута падна за 40 проценти во текот на годинава, пред се како резултат на конфликтот со САД околу апсењето на свештеникот Ендрју Брансон во Турција, и не-екстрадицијата на свештеникот Фетула Ѓулен од САД.

Падот на валутата претставува проблем за турските компании кои имаат долг кон надворешни партнери во странска валута. Од 179 милијради долари, 32 милијарди достасуваат до крајот на 2018 година, а 47 милијарди се во обврски за кои се смета дека се лесни за репрограмирање, но сепак, и покрај овие олеснувања, во првата половина на 2019 година достасуваат над 100 милијари долари надворешни обврски.

Останато

Арсовска со висока награда во Дубровник: „Трите К“ – најголем предизвик за претприемачите

Објавено

на

Сојузот на стопански комори (ССК) учествува на 6. Регионален самит на претприемачи кој на високо ниво се одржува во Дубровник, Хрватска. Претседателот на ССК, Данела Арсовска,  учествува на панел сесијата посветена на улогата на деловните организации во развој на претприемништвото  на национално ниво и предизвиците со кои претприемачите се соочуваат. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Градежна комора: Растот на трошоците го диктира растот  на цената на квалитетните станови

Објавено

на

Градежната комора на Македонија информира дека трендот на пораст на трошоците за градежни материјали, но и за вработените во градежните компании се случува во континуитет. Последните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) само ја потврдуваат состојбата и покажуваат дека трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во четвриот квартал од минатата година во однос на тој квартал од претходната година, се повисоки за 5,9 отсто, трошоците за материјали се повисоки за 3,2 отсто и трошоците за вработените се повисоки за 13 отсто. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Тевдовски: Бесплатни банкарски сметки за ранливите категории

Објавено

на

Бесплатни банкарски сметки за ранливите категории е предвидено во работната верзија на Законот за платежни услуги и платни системи што го подготвува Министерството за финансии во соработка со Народна банка, најави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски на потпишување на Меморандум за финансиска инклузија.

“Работната верзија предвидува сметката со основни функции да биде бесплатна за ранливите категории, односно по закон ќе добијат бесплатни услуги за отворање, водење сметка, уплати и исплати. За останатите потрошувачи, платежната сметка со основни функции ќе биде со разумен надоместок. Ќе напоменам, дека за да се отвори сметката, граѓаните не треба да поседуваат друга сметка со основни функции на свое име, како и дека на оваа сметка нема да можат да одат во минус”, изјави министерот за финансии Тевдовски.

Исто така, се воведуваат решенија во Законот за платежни услуги и платни системи, што ќе доведат до либерализација на пазарот на платежни услуги. Ова ќе придонесе за засилена конкуренција и нови, иновативни начини на плаќање, лесно достапни и со помали трошоци, рече Тевдовски.

Тевдовски посочи дека ова е првиот чекор кон поголема финансиска инклузија, што предвидува сите да имаат пристап до финансиски услуги и тоа на лесно достапен, безбеден начин и под прифатливи цени.

“Придобивките од финансиската инклузија се повисок раст на БДП и помала доходовна нееднаквост. Анализите на Меѓународниот монетарен фонд покажуваат дека преку обезбедување на пристап до сметки, кредити, за жените, за ранливите категории, се овозможува побрз и поинклузивен економски раст. Друга придобивка од финансиската инклузија е дека таа привлекува повеќе луѓе во формалниот сектор, што во фискалниот дел значи повеќе приходи во буџетот. Повеќе приходи во буџетот пак значат подобро здравство, образование, инфраструктура и други јавни услуги”, рече Тевдовски.

Финансиската едукација е исто така значаен инпут во финансиската инклузија, рече министерот за финансии. Тој ги повика заинтересирани училишта кои би сакале да организираат посети за учениците на Министерството за финансии или да им се организираат предавања во училиштата, да се пријават на маилот edukacija@finance.gov.mk.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange