Форекс
ТУРСКАТА ВАЛУТА ТОНЕ ВО ДУПКА БЕЗ ДНО, Ердоган повторно направи чистка во централната банка


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган смени тројца членови на Одборот за монетарна политика на Централната банка и на нивно место назначи двајца нови членови, по што националната валута – лирата достигна рекордно најниско ниво.
Како што пренесуваат турските медиуми, сменети се замениците гувернери Семих Туменанд и Угур Намик Кучук, заедно со друг член на Банката, Абдула Јавас, а Ердоган го назначил Таху Чакмак за заменик гувернер и Јусуф Тун за член на Централната банка.
По објавувањето, лирата падна на рекордно ниско ниво од 9.1900 во однос на доларот, што е загуба од 1 отсто тој ден, а досега таа ослабе за околу 19 отсто во текот на оваа година.
До промена на членовите дојде откако претседателството во средата вечерта објави дека Ердоган се сретнал со гувернерот на Централната банка Сахап Кавчиоглу.
Форекс
Пад на акциите на европските берзи во пресрет на седницата на ЕЦБ


Вредноста на акциите на европските берзи денеска бележат пад, бидејќи инвеститорите не сакаат да преземаат ризици во пресрет на состанокот на лидерите на Европската централна банка, од кој се очекува да бидат најавени зголемувањата на каматните стапки, имајќи ја предвид рекордната инфлација во еврозоната. (more…)
Форекс
Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во мај?


Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.05.-31.05.2021 година вкупниот промет изнесува 577.516.979 денари и е намален за високи 40,11% во однос на претходниот месец април. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје