Connect with us

Домашни банки

ТТК Банка ќе исплати камата од 3,5% на имателите на корпоративната обврзница

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје известува дека ќе изврши исплата на годишната камата по каматна стапка од 3,5 % на годишно ниво на имателите на Корпоративната обврзница – прва емисија на обврзници со ИСИН MKTTKS200012 и шифра TTKO.

Исплатата на камата ќе се изврши на 20.9.2021 година.

Право на исплата на камата имаат лицата кои се регистрирани во книгата на иматели на корпоративна обврзница – прва емисија на издавачот ТТК Банка АД Скопје во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје заклучно со 17.9.2021 година.

Тргувањето со обврзниците на ден 16 и 17 септември 2021 година ќе се реализира со пресметана акумулирана камата за 364 и 365 денови соодветно, при што Купувачот при порамнувањето на 20 и 21 септември 2021 година ќе треба да го уплати износот на чистата цена (+) акумулираната камата на Продавачот. При ова, Купувачите ќе бидат регистрирани во книгата на иматели на корпоративната обврзница – прва емисија на обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје на 20 и 21 септември 2021 година, соодветно и нема да остварат право на исплата на годишната камата.

Домашни банки

Шпаркасе предупредува: Забележани се „phishing“ напади, бидете внимателни!

Објавено

на

Шпаркасе банка информираше дека се забележани „phishing“ напади од страна на непознато лице кое го фалсификува идентитетот на Охридска Банка АД Скопје, и кое го користи логото на банката, обидувајќи се да извлече податоци преку праќање на мејлови. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

На Halk Velo Green од 233 учесници се собраа 184.500 денари наменети за пошумување

Објавено

на

На хронометар велосипедската трка Halk Velo Green што Халкбанк АД Скопје ја организираше на 8 Септември, во Маврово, учествуваа 233 велосипедисти кои преку плаќање на котизација дадоа свој придонес за собирање на 184.500 мкд кои се наменети за пошумување на локација каде што има потреба од истото.  (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Огромно срце за сите на точак – нов #ВозиПравоВозиЗдраво предизвик за #НеделаНаМобилност

Објавено

на

Овие денови пред 6 години Стопанска банка АД – Скопје го организираше првото издание на „Вози право, вози здраво“ и почна да ја „вози“ заедно со своите поддржувачи оваа приказна за грижа за нашата животна средина и за развој на вело културата! (more…)

Продолжи со читање



Популарно