Домашни банки
ТТК Банка ќе започне со исплата на дивиденда на 23.08.2021 година


ТТК Банка АД Скопје ги известува своите акционери дека почнувајќи од 23.08.2021 година ќе врши исплата на дивиденда за 2020 година. Право на исплата на дивиденда за 2020 година имаат сите акционери на ТТК Банка АД Скопје кои се евидентирани во книгата на акции на 11.08.2021 година.
Врз основа на член 53 и член 56 точка 2 став 4 од Статутот на ТТК Банка АД Скопје, а во согласност со Одлуката за определување на износот на дивидендата и датуми на исплата на дивиденда за 2020 година (дивиденден календар) бр.02-3072/6 од 15.04.2021 година усвоена на Седницата на акционери на Банката одржана на ден 15.04.2021 година, Надзорниот одбор на Банката на ден 4.8.2021 година, ја утврди следната:
ОДЛУКА
за определување на износот на дивиденда и датуми на исплата
на дивиденда за 2020 година (дивиденден календар)
Согласно Одлуката, ТТК Банка АД Скопје ќе исплати дивиденда во бруто-износ од 81.709.920 денари.
Висината на бруто-дивидендата по акција ќе изнесува 90,00 денари, односно 9,00% од номиналната вредност на акциите којашто изнесува 1.000 денари.
Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2020 година е 09.08.2021 година.
Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2020 година е 10.08.2021 година.
Датумот на евиденција, според кој се определува листата на акционери кои имаат право да добијат дивиденда за 2020 година, е 11.08.2021 година.
Исплатата на дивиденда за 2020 година ќе започне на 23.08.2021 година.
Домашни банки
Министерството за економија го прогласи ХалкЕко проектот на Халкбанк за најдобар општествено одговорен проект во категоријата „однос со животната средина“


Проектот ХалкЕко на Халкбанк АД Скопје со кој се поттикнуваат здрави животни навики и грижа за природата, но и се зголемува шумскиот фонд и се реализираат други активности во насока на заштита на животната средина, од страна на Министерството за економија е прогласен за најдобар општествено одговорен проект во категоријата „однос со животната средина“. (more…)
Домашни банки
НЛБ Банка доби национална награда за општествена одговорност и признание за најинвентивна практика за проектот „НЛБ Рамка за помош“


За проектот „НЛБ Рамка за помош“, НЛБ Банка Скопје ја доби националната награда за најдобра општествено одговорна практика во категоријата „Вложување во заедницата“ кај големи претпријатија за 2021 година и признание за најинвентивна практика. „НЛБ Рамка за помош“ е програма иницирана и поддржана од НЛБ Групацијата која се спроведе на сите пазари во регионот на кои е присутна Групацијата и претставува уникатен проект за поддршка на микро и малите претпријатија во Ковид кризата. Проектот започна во првата пандемска година, 2020, а истиот продолжи и во 2021 година. (more…)
Домашни банки
Караванот на Халкбанк „Приказни од моето маало“ го посети Штип


Караванот „Приказни од моето маало“ вчера ги посети учениците во ОУ „Ванчо Прке“ во Штип. Низ едукативно-креативни работилници ги слушнавме приказните од градот под Исарот, се дружевме со креативните деца и ја разгоривме нивната креативност и фантазија. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 3 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 2 months
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 week
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје