Connect with us

Домашни банки

ТТК Банка ја продолжи поволноста за бесплатно електронско и мобилно банкарство за физички лица до 30.6.2020 година

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги информира своите почитувани клиенти дека ја продолжи поволноста за бесплатно користење и плаќање преку електронското E-bank и мобилното банкарство M-bank до 30.6.2020 година за физички лица.

Банката нема да наплатува провизија за сите денарски трансакции направени од физички лица преку електронското и мобилното банкарство кон сметки во други банки. За извршувањето на интерните електронски трансакции, добивањето кориснички пристап и користењето на електронско и мобилно банкaрство како и досега не се наплатува провизија.

Сите потребни информации за електронско и мобилно банкарство се достапни на веб страната www.ttk.com.mk.

Изберете брз, едноставен, безбеден, 24/7 достапен начин за реализација на бесплатни денарски трансакции без потреба од посета на експозитура и заштитете го своето здравје и здравјето на другите!

Домашни банки

НЛБ Банка започна со исплата на парична помош од социјална и детска заштита

Објавено

на

Согласно моменталните случувања со пандемијата на Корона вирусот, со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти, НЛБ Банка од денеска, 3- ти јули, започна со исплата на парична помош од социјална и детска заштита.
(more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Соопштение од Стопанска банка АД – Скопје за исплата на парични права од социјална заштита

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги информира своите клиенти дека денеска изврши процесирање на паричните средства за социјална и детска заштита, при што за клиентите – корисници на дебитни картички, средствата веќе се достапни за располагање САМО во трговија и на банкоматите. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка започна со исплата на парична помош од социјална и детска заштита за јуни

Објавено

на

Од денеска, 3 јули 2020 година, Комерцијална банка АД Скопје започна да врши исплата на парична помош од социјална и детска заштита за месец јуни на корисниците кои помошта ја примаат на нивната денарска сметка во Банката. (more…)

Продолжи со читање

Популарно