Connect with us

Домашни банки

ТТК Банка ја заокружи 2021 година со раст на приходите за 18,5% и добивка од 44,6 милиони денари

Објавено

на

Во услови на продолжена здравствена криза, силна конкуренција и динамичен пазар, водејќи се од основните принципи за сигурно и стабилно работење, ТТК Банка АД Скопје oствари успешна година, што ја одразува одржливоста на нејзиниот деловен модел и успешното управување со сите деловни аспекти од работењето.

Годината што измина беше обележана со економско заздравување од негативните последици на кризата предизвиканa од пандемијата, а појавата на новите, попреносливи соеви на коронавирусот негативно влијаеја врз динамиката на заздравување на македонската економија и го забавија очекуваното нормализирање. Дополнително на тоа се надоврзаа и инфлациските притисоци, како и енергетската криза којашто продолжува да ја потресува Европа, но и светот.

Во овој економски амбиент, во периодот од 1.1.2021 до 31.12.2021 година, ТТК Банка АД Скопје го приспособуваше своето работење на специфичните економски и пазарни услови и ги реализираше приоритетните цели и задачи во согласност со Деловната политика и со Финансискиот план на Банката за 2021 година. Во ваков специфичен економско-социјален амбиент, преку приспособливата стратегија на работење и преку посебна интерна посветеност, ТТК Банка АД Скопје генерираше позитивен финансиски резултат темелен на здрава основа и во согласност со амбиентот.

Преку нејзиното редовно оперативно работење, Банката успеа да генерира позитивен нето-оперативен приход пред исправките на вредност во износ од 154,2 милиони денари, кој е за 18,5% или 24,1 милиони денари повисок во однос на минатата година, како резултат на побрзиот раст на оперативните приходи во однос на оперативните трошоци. Во истиот период, исправката на вредност на финансиски и нефинансиски средства на нето-основа изнесува 103,2 милиони денари што резултира со позитивен финансиски резултат за периодот од 1.1.2021 – 31.12.2021 година во износ од 44,6 милиони денари.

Финансиски остварувања на Банката

Нето-приходите од камати претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето на Банката. Остварените нето-приходи од камати во периодот од 1.1.2021 до 31.12.2021 година изнесуваат 257,5 милиони денари и бележат намалување од 4,4% во однос на истиот период минатата година. Планираните нето-приходи од камати се остварени со 93,7% од Буџетот.

Нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги во тековниот период изнесуваат 194,1 милиони денари и бележат зголемување за 31,4% во однос на минатата година кое се должи во најголем дел од зголемените приходи од провизии од домашниот платен промет, како и од провизиите од картично работење и од брокерско работење. Нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги ги надминуваат планираните за овој период за 6,5%.

Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 11,1 милиони денари и бележат годишен раст од 16,7%. Во однос на планот се остварени со 113,3%.

Останатите приходи од работењето на Банката изнесуваат 30,9 милиони денари и се пониски за 25,1% во однос на минатата година, како резултат од пониски приходи од реализирани дивиденди, како и од помал износ на реализирани приходи од капитална добивка од продажба на преземени средства.

Вкупните оперативни трошоци во анализираниот период изнесуваат 345,9 милиони денари и во однос на минатата година се повисоки за 4,0%, како резултат во најголем дел од повисоките материјални и административни трошоци. Во однос на планот се остварени со 97,4%.

Во споменатиов период, исправката на вредноста на финансиските средства и на посебната резерва за вонбилансна изложеност на нето-основа изнесува 102,7 милиони денари, како резултат на ефектот од влошување на состојбата на одредени комитенти од корпоративно кредитно портфолио.

Во текот на 2021 година прокнижена е загуба заради оштетување на нефинансиските средства во износ од 0,4 милиони денари.

Домашни банки

Развојна банка со нето-профит од 45 милиони денари во првото полугодие на 2022 година

Објавено

на

Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје (РБСМ) соопшти дека и во првата половина од 2022 година оствари позитивни резултати, ставајќи го целиот свој финансиски и оперативен капацитет во функција на остварување на основната цел за која е формирана – поддршка на развојот на македонското стопанство во согласност со стратешките политики, цели и приоритети на државата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Шпаркасе Банка со нова експозитура во Маџари!

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека на 08.08.2022 година ќе започне со работа новата експозитура во населба Маџари. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Јавен повик за учество на Собрание на акционери на ТТК Банка АД Скопје

Објавено

на

Врз основа на член 41 и член 42 од Статутот на ТТК Банка АД Скопје Надзорниот одбор на (more…)

Продолжи со читање


Популарно