Connect with us

Анализи

ТТК Банка ја дуплираше добивката, додека другите банки бележат голем пад на профитот

Објавено

на

ТТК Банка е изненадување во банкарскиот сектор за првите девет месеци од годинава со значително подобрување на финансиските резултати. Според оствареното во првите три квартали од 2019 година, ТТК Банка е речиси единствена со зголемена добивка споредено со истиот период лани, и гледано процентуално има најголем раст од дури 50%.

ТТК Банка за периодот од 1 јануари до 30 септември 2019 остварила вкупен профит од 91.4 милиони денари или околу 1,5 милиони евра добивка. За истиот период банките од топ пет листата, од кои најмногу од нив котираат со хартии од вредност на Македонска берза бележат профити, но со пад на добивката од околу 25% споредено со првите три квартали од 2018 година.

Оперативните приходи на ТТК Банка изнесуваат 15,1 милиони денари пред исправка на вредноста, додека пак вкупните приходи од работењето за девет месеци се 383,9 милиони денари. Во овој резултат влегуваат и оперативните расходи во висина од 233,8 милиони денари. Тие се зголемени за 1,8% и се должат на повисоките трошоци за плати на вработени и трошоци за амортизација.

Пробивот на ТТК Банка се должи пред се на зголемена кредитна активност за населението и за приватниот сектор со фокус на малите и средните претпријатија, а оваа банка се потпира пред на финансирање на кредитните линии од сопствени средства. Тоа значи дека од голема важност се депозитите на корисниците кои се зголемени и се во стабилна положба и ефикасното управување со активата на друштвото.

„Зголемениот резултат се должи пред се на успешното редовно работење и управување со активата и пасивата на банката, спроведувањето на зацртаните цели во деловната политика, контролата на оперативните трошоци и ефикасното управување“, се вели во коментарот на ТТК Банка за финансиските резултати.

Нето-приходите од камати достигнале износ од 199,3 милиони денари што е и основна компонента во формирањето на вкупните приходи на банката. Исто така доста високи се и нето-приходите од провизии кои изнесуваат 102,3 милиони денари и се должат како на провизии од платниот промет, така и од финансиските активности на кредитирање.

ТТК Банка исплати и дивиденда за остварената добивка за 2018 година во износ од 95,3 милиони денари, 105 денари по акција или 10,85% од номиналната вредност по акција, па така акционерите во ова друштво може да се надеваат и на позитивен дивиденден принос и за оваа година од вкупната добивка на друштвото.

Од понудата на ТТК Банка се издвојува ненаменскиот потрошувачки кредит на краток рок за кој не се плаќаат трошоци за администрирање, има ниска каматна стапка за отплата на една година и вообичаена провизија чиј износ зависи од самата висина на побаруваната сума за кредитирање при што максималната сума изнесува 100 илјади денари.

Во делот на долгорочните кредити ТТК Банка има добра понуда и на станбен кредит со ниска камата за првите пет години, 12 месеци грејс период, потреба од само 10% на сопствено учество, без надомест за обработка на барањето за кредит и без дополнителни трошоци за предвремена исплата на кредитот од сопствени средства.

Топ три банките кои имаат пад на приходите, а со тоа и на вкупните добивки за првите девет месеци од годинава како образложение ги наведоа успешните наплати на големите кредитни побарувања и продажба на недвижен имот.

Анализи

Висок поврат на ДДВ за фирмите: 206 милиони евра во првото полугодие и покрај кризата од КОВИД-19

Објавено

на

Во првото полугодие од 2020 година извршен е поврат на ДДВ кон фирмите од 12,7 милијарди денари или 206,5 милиони евра, што е за 6% повеќе во однос на лани или за 660 милиони денари повеќе. Ова е највисок поврат на ДДВ за овој период во однос на изминатите години, што е значајно особено ако се земе предвид кризата предизвикана од КОВИД-19. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Ангеловска-Бежоска: Со сигурност можеме да кажеме дека шпекулациите поврзани со курсот на денарот не се поткрепени со економски аргументи

Објавено

на

Во сите досегашни епизоди на криза, стабилниот курс на денарот претставува главен фактор на одржување на макроекономската стабилност. Нема компромис во однос на постојниот режим на курсот. Јавноста треба да има потполна доверба во нашата заложба и во нашиот капацитет успешно да продолжиме со постојната монетарна стратегија на стабилен курс на денарот. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Банкнотата од 50 евра е најпопуларна кај фалсификатoрите

Објавено

на

Од 2002 година, кога беше воведена евро валутата, откриени се 19 милиони фалсификувани банкноти на оваа валута со лична вредност од 1,2 милијарди евра. (more…)

Продолжи со читање

Популарно