Connect with us

Домашни банки

ТТК Банка со јавен повик за учество на XXVII седница на Собранието на акционери

Објавено

на

Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје до акционерите на банката објави јавен повик за учество на XXVII седница на Собранието на акционери која ќе се одржи на ден 31.3.2017 година (петок) со почеток од 12.00 часот во просториите на банката.

Работниот дел од седницата ќе се состои од:

– Разгледување Годишен извештај за работењето на ТТК Банка АД Скопје во 2016 година и Мислење по истиот од Надзорниот одбор, со предлог- одлука за усвојување на Извештајот и Мислењето;

– Разгледување финансиски извештаи на ТТК Банка АД Скопје за 2016 година ревидирани од Друштвото за ревизија „Мур Стивенс“ ДОО Скопје и Мислењето за извештаите од Надзорниот одбор, со предлог-одлука за усвојување;

– Разгледување Годишна сметка на ТТК Банка АД Скопје за 2016 година, со предлог-одлука за усвојување;

– Разгледување предлог-одлука за употреба и распоредување на нераспределенета добивка на ТТК Банка АД Скопје за 2016 година;

– Разгледување предлог-одлука за определување на износот на дивидендата и датуми на исплата на дивиденда за 2016 година;

– Разгледување Извештај и оцена на работата на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје во 2016 година, со предлог-одлука за усвојување;

– Разгледување предлог-одлука за измена и дополнување на Статутот на ТТК Банка АД Скопје;

– Разгледување предлог-одлука за ставање вон сила на Кодексот за корпоративно управување во ТТК Банка АД Скопје;

– Разгледување предлог-одлука за продолжување на мандатот на Одборот за наградување.

 

ТТК Банка ги повикува акционерите да учествуваат во работата на Собранието. Секој акционер кој има намера да учествува на Собранието е должен да го пријави своето учество најдоцна пред почетокот на седницата на Собранието, со доставување пријава за учество до Секретаријатот на Банката (или на телефакс:02/3131-387; e-mail:sekretarijat@ttk.com.mk). 

 

Материјалите за Собранието и дополнителни информации во согласност со Законот за трговските друштва се достапни на официјалната интернет-страница на банката www.ttk.com.mk

Домашни банки

Стопанска банка а.д. Битола доделува бесплатни влезници за ЗОО Скопје

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола е верен пријател на Скопската зоолошка градина. Со посебна акција ја изразува поддршката на едно од најубавите и највеселите места за забава во градот. (more…)

Продолжи со читање

Business Man

Членот на Надзорниот одбор Горан Антевски купи нови 400 акции од Комерцијална банка АД Скопје

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје ја известува јавноста дека г-н Горан Антевски, член на Надзорниот одбор на Банката, се стекна со 400 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка пријател на 11-то издание на самитот ,,Македонија 2025”

Објавено

на

НЛБ Банка и оваа година е пријател на 11-то издание на самитот ,,Македонија 2025” кој се одржува во Скопје. (more…)

Продолжи со читање


Популарно