Connect with us

Домашни банки

ТТК Банка со промотивна поволност за своите клиенти – без трошоци за одобрување и администрирање за кредитите со РИЗИКО кредитно животно осигурување

Објавено

на

РИЗИКО кредитното животно осигурување или осигурување живот на корисници на кредит е достапно во сите експозитури и филијали на ТТК Банка АД Скопје, во соработка со осигурителното друштво „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје.

Со вклучување на осигурувањето во својата понуда, ТТК Банка АД Скопје станува прв избор на корисниците за кредитни производи коишто вклучуваат животно осигурување, а кои Банката ги нуди со атрактивни фиксни каматни стапки во првиот период од отплатата од 4,85% во првите 2 години за СМАРТ ненаменски потрошувачки кредит3,45% во првите 10 години за СУПЕР станбен кредит односно 4,70% во првите 3 години за хипотекарен кредит.

Кредитите со РИЗИКО кредитното животно осигурување се во понуда БЕЗ НАДОМЕСТОК за одобрување во промотивен период до 30.9.2020 година, како и други поволности во редовната понуда на овие производи како што се фиксни каматни стапки на подолг рок, подолг рок на отплата, поголеми максимални износи на кредит, без трошоци за администрирање и без трошоци за предвремена отплата на кредитот.

ТТК Банка АД Скопје е лиценциран застапник за продавање полиси за животно осигурување од „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје. Полисата ја издава осигурителната компанија „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје.

Со РИЗИКО животното осигурување се добива кредитна заштита којашто значи дека, во случај на несакан настан (смрт) на осигуреното лице, семејството не ги наследува кредитните обврски по основ на кредитот.

Полисата за РИЗИКО животно осигурување е дел од кредитната пакет понуда на ТТК Банка АД Скопје односно корисниците можат да аплицираат за кредитните производи со ризико животно осигурување и тоа:

Полисата за РИЗИКО животно осигурување овозможува осигурително покритие за подмирување на преостанатиот кредитен долг во случај на несакан настан, смрт како последица од болест или несреќен случаj, во согласност со Општите услови за Осигурување на живот во случај на смрт на корисници на кредит на „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје.

Корисникот ја плаќа полисата за РИЗИКО животното осигурување еднократно од самиот кредит со што се остварува и дополнителен попуст на премијата на РИЗИКО животното осигурување.

Осигурувањето на живот може да се склучи за случај на смрт, со или без лекарски преглед.

Со осигурувањето на живот можат да се осигураaт здрави лица и тоа од наполнети 18 до наполнети 65 години старост. Осигурувањето во секој случај завршува во календарската година кога осигуреникот (односно постариот од осигурениците кај заемното осигурување) ќе наполни 75 години.

Посетете ја најблиската експозитура или филијала на ТТК Банка АД Скопје или јавете се на телефоните на деловната мрежа достапни на интернет-страницата на Банката и информирајте се за износот на премијата за полиса за РИЗИКО животното осигурување,  којашто зависи од возраста и здравствената состојба на осигуреникот (се одредува во согласност со одговорите во здравствениот прашалник за кредитното осигурување), износот на кредитот и рокот на отплата на кредитот.

„Триглав Осигурување Живот“ АД, Скопје е дел од Групацијата „Триглав“, една од водечките осигурително – финансиски институции во Југоисточна Европа.  Препознатлива е кај своите клиенти по својата стабилност, знаење, висок квалитет на производи и услуги и доверливост. Групацијата „Триглав“ се залага за градење сигурна иднина, а нејзините вредности, како агилност, доверливост и едноставност служат само како потврда на внимателно одбраните принципи на работа.

Имајќи го клиентот во својот фокус, ТТК Банка АД Скопје постојано ја развива својата експертиза во креирањето производи коишто директно комуницираат со потребите на клиентите и можните ризици, сè со цел да им помогне на клиентите да инвестираат во сопствената иднина.

Домашни банки

Измени во Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје

Објавено

на

ТТК Банка преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Надзорниот одбор на Банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка а.д. Битола – препознатлива по поддршката на бројни спортски настани

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола е веќе препознатлива по значајната поддршка која ја дава за развивање и одржување на спортската култура и спорскиот дух во земјава. Покрај тоа што е единствената банка која е спонзор на Wizz Air Скопскиот маратон 2020 и Женската трка, оваа година банката стана дел и од најважниот и најголем спортски настан во градот Битола – трката ТРЧАЈ БЕ. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка со известување за предвремена исплата на септемвриските пензии

Објавено

на

НЛБ Банка ги известува своите клиенти – пензионери дека ќе ги исплати септемвриските пензии на 28 – ми септември (понеделник). (more…)

Продолжи со читање

Популарно