Домашни банки
ТТК Банка со промотивна поволност за своите клиенти – без трошоци за одобрување и администрирање за кредитите со РИЗИКО кредитно животно осигурување

РИЗИКО кредитното животно осигурување или осигурување живот на корисници на кредит е достапно во сите експозитури и филијали на ТТК Банка АД Скопје, во соработка со осигурителното друштво „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје.
Со вклучување на осигурувањето во својата понуда, ТТК Банка АД Скопје станува прв избор на корисниците за купување кредитни производи коишто вклучуваат животно осигурување, а кои Банката ги нуди со атрактивни каматни стапки, фиксни каматни стапки на подолг рок, подолг рок на отплата, поголеми максимални износи на кредит, без трошоци за одобрување, без трошоци за администрирање и без трошоци за предвремена отплата на кредитот.
ТТК Банка АД Скопје е лиценциран застапник за продавање полиси за животно осигурување од „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје. Полисата ја издава осигурителната компанија „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје.
Со РИЗИКО животното осигурување се добива кредитна заштита којашто значи дека во случај на несакан настан (смрт) на осигуреното лице – семејството не ги наследува кредитните обврски по основ на кредитот.
Полисата за РИЗИКО животно осигурување е дел од кредитната пакет понуда на ТТК Банка АД Скопје односно корисниците можат да аплицираат за кредитните производи со ризико животно осигурување:
- Ненаменски потрошувачки кредит СМАРТ со вклучено РИЗИКО животно осигурување со фиксна каматна стапка во првите 2 години од отплатата;
- Ненаменски потрошувачки кредит за приматели на плата во Банката со вклучено РИЗИКО животно осигурување со фиксна каматна стапка во првата година од отплатата;
- Супер станбен кредит со вклучено РИЗИКО животно осигурување со фиксна каматна стапка во првите 10 години од отплатата;
- Ненаменски потрошувачки кредит со залог на недвижен имот (хипотекарен кредит) со вклучено РИЗИКО животно осигурување со фиксна каматна стапка во првите 3 години од отплатата.
Полисата за РИЗИКО животно осигурување овозможува осигурително покритие за подмирување на преостанатиот кредитен долг во случај на несакан настан: смрт како последица од болест или несреќен случаj во согласност со Општите услови за Осигурување на живот во случај на смрт на корисници на кредит на „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје.
Полисата за РИЗИКО животното осигурување корисникот ја плаќа еднократно од самиот кредит со што се остварува и дополнителен попуст на премијата на РИЗИКО животното осигурување.
Осигурувањето на живот може да се склучи за случај на смрт, со или без лекарски преглед.
Со осигурувањето на живот можат да се осигураaт здрави лица и тоа од наполнети 18 до наполнети 65 години старост. Осигурувањето во секој случај завршува во календарската година кога осигуреникот (односно постариот од осигурениците кај заемното осигурување) ќе наполни 75 години.
Посетете ја најблиската експозитура или филијала на ТТК Банка АД Скопје или јавете се на телефоните на деловната мрежа достапни на интернет-страницата на Банката и информирајте се за износот на премијата за полиса за РИЗИКО животното осигурување, којашто зависи од возраста и здравствената состојба на осигуреникот (се одредува во согласност со одговорите во здравствениот прашалник за кредитното осигурување), износот на кредитот и рокот на отплата на кредитот.
Триглав Осигурување Живот“ АД, Скопје е дел од Групацијата „Триглав“, една од водечките осигурително – финансиски институции во Југоисточна Европа. Препознатлива е кај своите клиенти по својата стабилност, знаење, висок квалитет на производи и услуги и доверливост. Групацијата „Триглав“ се залага за градење сигурна иднина, а нејзините вредности, како агилност, доверливост и едноставност служат само како потврда на внимателно одбраните принципи на работа.
Имајќи го клиентот во својот фокус, ТТК Банка АД Скопје постојано ја развива својата експертиза во креирањето производи коишто директно комуницираат со потребите на клиентите и можните ризици, сè со цел да им помогне на клиентите да инвестираат во сопствената иднина.
Домашни банки
Радмила Јованова од Шпаркасе Банка – Филијала Штип со награда за спортски подвиг во 2022 година

Општина Штип традиционално секоја година организира настан – „Избор на спортист на годината на Штип”, на кој се избираат најдобрите спортисти и спортски работници и клубови во изминатата година.
Домашни банки
Добивката на ТТК Банка порасна за 36,4% и дојде до 1 милион евра во 2022 година

Во услови на изразена економска и енергетска криза, динамичен пазар и силна конкуренција, водејќи се од основните принципи за сигурно и стабилно работење, ТТК Банка АД Скопје управуваше успешно со сите деловни аспекти од работењето што ја одразува одржливоста на деловен модел. (more…)
Домашни банки
Одличното справување со NPL на Халкбанк и донесе профит од 12 милиони евра во 2022 година

Халкбанк ги објави резултатите од работењето во изминатата 2022 година, кои го потврдија епитетот најбрзо растечка банка во Северна Македонија. Сето тоа постигнато со посветена работа, добро дефинирана стратегија и фокус на зацртаните цели. (more…)
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 4 weeks
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 1 week
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 3 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје