Домашни банки
ТТК Банка со предвремена исплата на јулски пензии од 28-ми јули 2020 година


ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека почнувајќи од денес (28 јули 2020 година) банката ќе врши исплата на пензијата за месец јули на пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје и тоа на следниот начин:
од денес (28.7.2020 година) на корисниците на Visa дебитните картички кои ќе можат да располагаат со средствата, безготовински – преку мрежата на банкомати или за плаќања во трговската мрежа.
За корисниците кои не поседуваат дебитни картички, заради заштита на нивното здравје и превенција, исплатата ќе се реализира во сите отворени филијали и експозитури во 4 групи според висината на пензијата и тоа:
до 11.000 денари на 28.7.2020 г. (вторник)
од 11.001 до 14.000 денари на 29.7.2020 г. (среда)
од 14.001 до 18.000 денари на 30.7.2020 г. (четврток)
над 18.000 денари на 31.7.2020 г. (петок)
Од ТТК Банка апелираат средствата првенствено да се користат безготовински, за плаќање во трговската мрежа преку електронското или мобилното банкарство, а во случај на потреба од готовина да се подигнуваат од банкомат.
Во случај на неопходна посета на филијалите и експозитурите, од Банката потсетуваат дека задолжително е носење лична заштитна опрема на лицето (заштитна маска, марама или шал), држење на пропишаното минимално растојание и дезинфекција на рацете.
Пензионерите коишто не поседуваат дебитна картичка можат да ја искористат посетата за да поднесат барање за изработка на дебитна картичка поврзана со нивната сметка. На тој начин, нивните средства ќе им бидат достапни во секое време за плаќање во трговската мрежа, како и можноста за подигнување на средствата од банкомат.
Домашни банки
Стопанска банка а.д. Битола започна со предвремена исплата на јануарските пензии


Стопанска банка а.д. Битола ги известува своите клиенти пензионери кои својата пензија ја примаат преку Стопанска банка а.д. Битола и се корисници на картички, дека можат да располагаат со јануарските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од денес (26.01.2021 година). (more…)
Домашни банки
УНИБанка од денес започнува со предвремена исплата на јануарските пензии


УНИБанка АД Скопје со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти – пензионери, известува дека овозможи исплатата на пензијата за месец јануари на трансакциска сметка да биде денес, на (26-ти јануари 2021 година). (more…)
Домашни банки
Стопанска банка АД – Скопје започна со исплата на јануарските пензии


Имајќи ги во превид препораките и засилените мерки за заштита од ширење на COVID – 19, Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите клиенти пензионеридека пензиите за месец јануари од фондот на ПИОМ ќе бидат предвреме процесирани при што ќе се спроведе готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти. (more…)
- Домашни банкипред 3 weeks
ГО “БУТНАА” ИНТЕРНЕТОТ: Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“ пред експозитура Плоштад
- Останатопред 2 months
Колку изнесува К15 за оваа 2020 година?
- Business Manпред 2 months
Божидар Јанковски стана сопственик на Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ
- Анализипред 2 months
Која македонска банка планира да го нападне тронот во банкарскиот сектор!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Владо Цекиќ избран за Млад менаџер во Македонија за 2020 година
- Анализипред 2 months
Во Македонија има 1.301 премиум пензионери!