Connect with us

Домашни банки

ТТК Банка со известување за предвремена исплата на септемвриските пензии

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека почнувајќи од 28-ми септември 2021 година ќе врши исплата на пензијата за месец септември на пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје.

Oд денес (28.9.2021 година -вторник) корисниците на Visa и Mastercard® дебитните картички ќе можат да располагаат со пензијата, преку мрежата на банкомати на ТТК Банка АД Скопје или во трговската мрежа.

За корисниците кои не поседуваат дебитни картички, исплатата ќе се реализира во сите филијали и експозитури на Банката во четири групи според висината на пензијата и тоа:

  • до 11.000 денари на 28.9.2021 г. (вторник)
  • од 11.001 до 14.000 денари на 29.9.2021 г. (среда)
  • од 14.001 до 18.000 денари на 30.9.2021 г. (четврток)
  • над 18.000 денари на 1.10.2021 г. (петок)

Со цел заштита на здравјето, од банката апелираат средствата првенствено да се користат безготовински, за плаќање во трговската мрежа, преку електронското банкарство TTK E-bank или мобилното банкарство TTK M-bank, а во случај на потреба од готовина да се подигнуваат од банкомат.

При неопходна посета на филијалите и експозитурите на Банката, од ТТК Банка потсетуваат дека задолжително е носење лична заштитна опрема на лицето (заштитна маска, марама или шал), држење на пропишаното минимално растојание и дезинфекција на рацете.

Домашни банки

Комерцијална банка прогласена за Банка на годината во 2021 година од магазинот The Banker

Објавено

на

За „Банка на годината во 2021 година во Република Северна Македонија“ е прогласена Комерцијална банка АД Скопје. Оваа престижна награда финансискиот магазин The Banker ѝ ја доделува на Комерцијална банка втора година по ред, препознавајќи ги нејзината клучна улога во поддршката на економското закрепнување во земјава и излегувањето во пресрет на потребите на клиентите.  (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Кире Наумов и Фарук Исмаили ќе продолжат да раководат со Развојната банка

Објавено

на

Развојна банка на Северна Македонија преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување на Банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Петер Зелен реименуван за член на Управниот одбор на НЛБ Банка

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување на Банката. (more…)

Продолжи со читање


Популарно