Connect with us

Домашни банки

ТТК Банка со известување за предвремена исплата на мајските пензии

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека почнувајќи од 26-ти мај 2021 година ќе врши исплата на пензијата за месец мај на пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје.

Oд 26.5.2021 г. (среда) корисниците на Visa дебитните картички ќе можат да располагаат со пензијата, преку мрежата на банкомати на ТТК Банка АД Скопје или во трговската мрежа.

За корисниците кои не поседуваат дебитни картички, исплатата ќе се реализира во сите филијали и експозитури на Банката во четири групи според висината на пензијата и тоа:

  • до 11.000 денари на 26.5.2021 г. (среда)
  • од 11.001 до 14.000 денари на 27.5.2021 г. (четврток)
  • од 14.001 до 18.000 денари на 28.5.2021 г. (петок)
  • над 18.000 денари на 31.5.2021 г. (понеделник)

Со цел заштита на здравјето, од банката апелираат средствата првенствено да се користат безготовински, за плаќање во трговската мрежа, преку електронското банкарство TTK E-bank или мобилното банкарство TTK M-bank, а во случај на потреба од готовина да се подигнуваат од банкомат.

При неопходна посета на филијалите и експозитурите на Банката, од ТТК Банка потсетуваат дека задолжително е носење лична заштитна опрема на лицето (заштитна маска, марама или шал), држење на пропишаното минимално растојание и дезинфекција на рацете.

Домашни банки

Стопанска банка а.д. Битола доделува бесплатни влезници за ЗОО Скопје

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола е верен пријател на Скопската зоолошка градина. Со посебна акција ја изразува поддршката на едно од најубавите и највеселите места за забава во градот. (more…)

Продолжи со читање

Business Man

Членот на Надзорниот одбор Горан Антевски купи нови 400 акции од Комерцијална банка АД Скопје

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје ја известува јавноста дека г-н Горан Антевски, член на Надзорниот одбор на Банката, се стекна со 400 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка пријател на 11-то издание на самитот ,,Македонија 2025”

Објавено

на

НЛБ Банка и оваа година е пријател на 11-то издание на самитот ,,Македонија 2025” кој се одржува во Скопје. (more…)

Продолжи со читање


Популарно