Connect with us

Домашни банки

ТТК Банка со известување за предвремена исплата на февруарските пензии

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека почнувајќи од 25-ти февруари 2021 година ќе врши исплата на пензијата за месец февруари на пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје.

Oд 25.2.2021 година (четврток) корисниците на Visa дебитните картички ќе можат да располагаат со средствата, безготовински – преку мрежата на банкомати или за плаќања во трговската мрежа.

За корисниците кои не поседуваат дебитни картички, исплатата ќе се реализира во сите филијали и експозитури во четири групи според висината на пензијата и тоа:

  • до 11.000 денари на 25.2.2021 г. (четврток)
  • од 11.001 до 14.000 денари на 26.2.2021 г. (петок)
  • од 14.001 до 18.000 денари на 1.3.2021 г. (понеделник)
  • над 18.000 денари на 2.3.2021 г.  (вторник)

Со цел заштита на здравјето, од банката апелираат средствата првенствено да се користат безготовински, за плаќање во трговската мрежа, преку електронско банкарство TTK E-bank или мобилно банкарство TTK M-bank, а во случај на потреба од готовина да се подигнуваат од банкомат.

Во случај на неопходна посета на филијалите и експозитурите на Банката, од ТТК Банка потсетуваат дека задолжително е носење лична заштитна опрема на лицето (заштитна маска, марама или шал), држење на пропишаното минимално растојание и дезинфекција на рацете.

Домашни банки

Стопанска банка а.д. Битола оствари добивка од 6,05 милиони денари во првите три месеци од 2021 година

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола и во првиот квартал од 2021 година го продолжи трендот на остварување позитивни финансиски резултати. Иако повеќе од една година Банката се справува со предизвиците наметнати од пандемијата со ковид-19, и понатаму го задржа фокусот кон остварување на клучните стратешки цели, дејствувајќи во насока на наплата на дел од нефункционалните побарувања, а истовремено продолжувајќи со кредитна поддршка на правните субјекти и на домаќинствата, притоа максимално залагајќи се за безбедноста на клиентите при користењето на услугите на Банката, како и за безбедност на вработените на работните места. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

УНИБанка „Супер потрошувачки кредит“ и камата од 4,25% – фиксна за првите 2 години

Објавено

на

Супер потрошувачкиот кредит од УНИБанка АД Скопје со атрактивна каматна стапка од само 4,25% фиксна за првите 2 години и 6,25 % фиксна за останатиот период вклучува и дополнителна сигурност за клиентите – Полиса за ризико осигурување од Кроација Осигурување. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ПроКредит Банка прва банка во земјата со 70% електричен возен парк

Објавено

на

ПроКредит Банка е општестевно одговорна компанија и во секојдневното работење се стреми да придонесе за зачувување на животната средина и намалување на негативното влијание врз неа. Континуирано се залага и вложува во сопствената еко иницијата #СеГрижамДелувамМенувам која придонесува кон почисто окружување и подобар квалитет на животот. (more…)

Продолжи со читање




Популарно