Домашни банки
ТТК Банка со известување за предвремена исплата на февруарските пензии


ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека почнувајќи од утре (24-ти февруари 2022 година), ќе врши исплата на пензијата за месец февруари на пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје.
Oд 24.2.2022 г. (четврток) корисниците на Visa и Mastercard® дебитните картички ќе можат да располагаат со пензијата, преку мрежата на банкомати на ТТК Банка АД Скопје или во трговската мрежа.
За корисниците кои не поседуваат дебитни картички, исплатата ќе се реализира во сите филијали и експозитури на Банката во четири групи според висината на пензијата и тоа:
- до 11.000 денари на 24.2.2022 г. (четврток)
- од 11.001 до 14.000 денари на 25.2.2022 г. (петок)
- од 14.001 до 18.000 денари на 28.2.2022 г. (понеделник)
- над 18.000 денари на 1.3.2022 г. (вторник)
Со цел заштита на здравјето, од банката апелираат средствата првенствено да се користат безготовински, за плаќање во трговската мрежа, преку електронското банкарство TTK E-bank или мобилното банкарство TTK M-bank, а во случај на потреба од готовина да се подигнуваат од банкомат.
При неопходна посета на филијалите и експозитурите на Банката, од ТТК Банка потсетуваат дека задолжително е носење лична заштитна опрема на лицето (заштитна маска, марама или шал), држење на пропишаното минимално растојание и дезинфекција на рацете.
Домашни банки
Известување од ТТК Банка за предвремена исплата на пензиите од денес (28-ми јуни 2022 година)


ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека почнувајќи од денес (28-ми јуни 2022 година), започна со исплата на пензијата за месец јуни на пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје. (more…)
Домашни банки
Финансиска помош од Комерцијална банка за организација на Светското првенство во шах за слепи во Охрид


Во својата долгорочна мисија секогаш да им помогне и да излезе во пресрет на потребите на лицата со хендикеп, Комерцијална банка на свое големо задоволство финансиски ќе го помогне одржувањето на Светското првенство во шах за слепи и визуелно хендикепирани лица во Охрид. (more…)
Домашни банки
Халкбанк започна со предвремена исплата на јунските пензии


Халкбанк АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти пензионери дека пензиите за месец јуни се веќе на нивните сметки од денес (28.06.2022 – вторник) и истите можат слободно да ги користат при пазарење со своите платежни картички, преку електронското банкарство или за подигање преку АТМ-ите без провизии. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје