Домашни банки
ТТК Банка со известување за исплата на паричните права од социјална заштита од 4-ти мај

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека од 4-ти мај 2020 година ќе започне со исплата на паричните права од социјална заштита за месец април за корисниците кои ја примаат паричната помош на нивната денарска сметка во Банката.
Корисниците на Visa дебитните картички ќе можат да располагаат со средствата од 4.5.2020 година, безготовински – за плаќања во трговската мрежа или преку мрежата на банкомати.
За корисниците кои не поседуваат дебитни картички, имајќи ги предвид актуелните мерки за заштита од корона вирусот, исплатата на шалтерите во Банката ќе биде организирана во четири групи и тоа во согласност со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето:
- Понеделник, 4.5.2020 г. – А, Б, В, Г, Д;
- Вторник, 5.5.2020 г. – Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К,Л;
- Среда, 6.5.2020 г. – Љ, М, Н, Њ, О, П; Р;
- Четврток, 7.5.2020 г. – С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
ТТК Банка апелира средствата првенствено да се користат безготовински, за плаќање во трговската мрежа или преку електронското и мобилното банкарство, а во случај на потреба од готовина да се подигнуваат од банкомат.
Во случај на неопходна посета, ТТК Банка потсетува дека при посетата на филијалите и експозитурите на Банката задолжително е носење лична заштитна опрема на лицето (заштитна маска, марама или шал), држење на пропишаното минимално растојание и дезинфекција на рацете.
Домашни банки
Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 2 јуни 2023 година

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 2 јуни (петок) 2023 година заради празнување на Духовден. (more…)
Домашни банки
Финансиска поддршка од Комерцијална банка за ново издание на турнирот во мал фудбал „Тоше Проески“

Меѓународниот турнир во мал фудбал „Тоше Проески“ во Крушево и годинава, со финансиска поддршка од Комерцијална банка, собра на едно место спортски екипи од повеќе држави во чест и спомен на музичката легенда. (more…)
Домашни банки
Комерцијална банка ја врачи престижната награда „Роман на годината“ на академик Влада Урошевиќ

Сo сечено врачување на наградата „Славко Јаневски“ на академик Влада Урошевиќ, Комерцијална банка како Генерален покровител одбележа уште едно престижно издание на „Роман на годината“.
Наградата под покровителство на Комерцијална банка се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150 илјади денари, а годинава ја доби романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од академик Влада Урошевиќ, во издание на „Арс Либрис“. Традиционално наградата ја доделува Фондацијата за промоција и унапредување на културата „Славко Јаневски“.
Академик Урошевиќ е особено горд на наградата и на своето дело, кое докажува дека „македонскиот јазик може да се справи со најтешките задачи што книжевното творештво ги поставува пред него и дека на планот на книжевните идеи имаме што да му покажеме на светот“.
Банката обезбедува и 183.000 денари за паричен надоместок на членовите на жири-комисијата, кои годинава одлучуваа за победникот во конкуренција на 35 романи.
„Комерцијална банка е горда што е поддржувач на оваа значајна манифестација, во која препознава искрена желба и длабока волја за негување на македонскиот пишан збор и за создавање богато наследство за идните генерации. Секогаш е полесно заедно да успееме во оваа благородна цел“, порача Андреј Јовковски, директор на Самостојната дирекција за маркетинг во Комерцијална банка, при врачувањето на наградата.
Со поддршката на „Роман на годината“, како и со целокупната своја поддршка на домашната литература, Комерцијална банка дава долгорочен и исклучително значаен придонес за унапредување на литературното творештво во земјава.
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје