Connect with us

Домашни банки

ТТК Банка со известување за исплата на годишната камата за имателите на корпоративни обврзници од првата емисија

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје известува дека ќе изврши исплата на годишната камата по каматна стапка од 3,5% на годишно ниво на имателите на корпоративна обврзница – прва емисија на обврзници со ИСИН MKTTKS200012 и шифра TTKO.

Исплатата на камата ќе се изврши на 19.09.2022 година.

Право на исплата на камата имаат лицата кои се регистрирани во книгата на иматели на корпоративна обврзница – прва емисија на издавачот ТТК Банка АД Скопје во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје заклучно со 17.09.2022 година.

Тргувањето со обврзниците во деновите 15 и 16 септември 2022 година ќе се реализира со пресметана акумулирана камата за 363 и 364 денови соодветно, при што Купувачот при порамнувањето на 19 и 20 септември 2022 година ќе треба да го уплати износот на чистата цена (+) со акумулираната камата на Продавачот. При ова, Купувачите ќе бидат регистрирани во книгата на иматели на корпоративната обврзница – прва емисија на обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје на 19 и 20 септември 2022  година, соодветно и нема да остварат право на исплата на годишната камата.

Домашни банки

НЛБ Банка прогласена за „Банка на годината за 2022“ од The Banker

Објавено

на

Реномираниот интернационален финансиски магазин, The Banker, по единаесетти пат ја прогласи НЛБ Банка за „Банка на годината за 2022“. Со ова признание НЛБ Банка уште еднаш ја потврди својата позиција на најнаградувана банка во РС Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Нова докапитализација на ПроКредит Банка во вредност од 13 милиони евра

Објавено

на

Прокредит банка АД Скопје изврши зголемување на капиталот на банката за дополнителни 13 милиони евра. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје во соработка со Црвен крст на Град Скопје организираше успешна крводарителска акција

Објавено

на

Во соработка со Црвен крст на Град Скопје на 28.11.2022 во просториите на административната зграда на Стопанска банка АД – Скопје организирана беше крводарителска акција на која учество зедоа 65 вработени од Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Популарно