Connect with us

Домашни банки

ТТК Банка со известување за исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита од денес (5-ти април 2021 година)

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека од денес (5.4.2021 година – понеделник), започна со исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита (сите парични права) за месец март 2021 година за корисниците кои ја примаат паричната помош на нивната денарска сметка во Банката.

Корисниците на Visa дебитните картички ќе можат да располагаат со средствата од 5.4.2021 г. (понеделник), преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.

За корисниците кои немаат дебитни картички, исплатата ќе се врши во согласност со утврдениот распоред, по азбучен редослед според првата буква од презимето и тоа:

  • 5-ти април (понеделник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ;
  • 6-ти април (вторник) – М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Со цел заштита на здравјетo, од банката препорачуваат средствата првенствено да се користат за безготовински плаќањa во трговската мрежа или преку електронско банкарство TTK E-bank или мобилно банкарство TTK M-bank, а во случај на потреба од готовина да се подигнуваат од банкомат без провизија со дебитните картички преку мрежата на банкомати на ТТК Банка АД Скопје.

Корисниците кои имаат бесконтактни Visa дебитни картички на ТТК Банка АД Скопје можат да ги користат средствата со безготовинско плаќање без внесување ПИН за износи до 4.500 денари.

Во случај на неопходна посета на филијалите и експозитурите на Банката задолжително е носење лична заштитна опрема на лицето (заштитна маска, марама или шал), држење на пропишаното минимално растојание и дезинфекција на рацете.

Домашни банки

НОВО ПАРТНЕРСТВО: Халк Банка АД Скопје и Триглав Осигурување Живот АД Скопје со заедничка соработка во животното осигурување

Објавено

на

Халк Банка АД Скопје и Триглав Осигурување Живот АД Скопје потпишаа Договор за соработка во делот на животно осигурување. Овој партнерски Договор има за цел да ја зголеми понудата на банко осигурување на македонскиот осигурителен пазар преку зголемување на премијата за животно осигурување но и обезбедување на комплетна услуга на сите кредитокорисници на Банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк ги објави најинтересните фотографии од предизвикот #EcoYogaTree

Објавено

на

Халкбанк, како дел од коалицијата „Priceless Planet“, со Mastercard организираше многубројни активности за подигнувањето на свеста за зачувување на планетата Земја. Во предизвикот #EcoYogaTree, кој беше објавен на социјалните мрежи, Халкбанк ги повика корисниците да се вклучат со објава на фотографија во која ја прават позата што симболизира дрво. Се вклучија голем број корисници кои ја дадоа својата поддршка и придонес за подигнувањето на свеста за важноста на животната средина. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје: Соопштение за неработни денови – Велигден 2021

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека по повод престојните велигденски празници, филијалите на банката нема да работат на 30.04.2021 (петок) и 03.05.2021 (понеделник).
(more…)

Продолжи со читање


Популарно